минтан м.

минтан (м.)

Таму, еден нашинец — терзија ми направи минтан и сиве овие ги нареди внатре.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тие ги исфрлија сите работи за кои мислеа дека се непотребни и така даровите слегоа на еден кожув, дванаесет рала чевли, седумнаесет разни шамии и шамивчиња, седум крпи за лице, два минтана, четири минтанчињаа, две капи, пет тулбени и две градски кошули за некои братучеди од Тиквеш коишто носеа градски алишта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Кожув, вели, сакам бездруго. Толку рала чевли, шамии, крпчиња, марами, капа, минтани, минтанчиња!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сега Стојанка ја пречека Митра во црквениот трем, си ја одврза шамијата со дарчињата за крштеничето: кошулче, минтанче, чорапчиња и тулбенче, и беше готова. Само чекаа на ред.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Сакаш ли да имаш мир и живот? Отпарај ги зашиените рабови од минтанот. Дај му ги лирите на шефот да ги чува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одвај ја дочекува муграта. Си ги отпарува рабовите на минтанот. Ги вади проклетите лири.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А Толе се осмели до лудило. Влезе во Ерековци, на саат место од Прилеп, го извади крволокот Авмеда и над Алинци го закла со ножот, та го натера Андона да напише на една пачавра, што му ја закачи на минтанот на градите: „Вака ќе помине секој Турчин шо ќе дигне рака на рисјанин“, Сите давии зборуваа само едно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но сепак, и над тревките и над каменот господарела пролет во која сиромаштијата ги фрлала од себе парталите и сиџимите со кои се врзувала околу половината да ги задржи врз карличните коски беневреците; се ослободувале од болвливи минтани и се свртувале разграштени кон усвитеното сончево око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа пресметале колку што умееле и биле задоволни - суви, ковчести, долгозаби, повеќето од половината со руси заткарпатски бради: во мракот на ѕидиштата, освен воденичките камења што ги немале, можеле да се згрчат двајца: едниот да оглувнува од тракањето на прплицата, безгласен и со сув душник под дрипавиот минтан, живо тесто од крв и брашно, другиот со воздишки да стои зад прозорчето и со секира или кременка да ја брани селанската мака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти си, Борисе, како извртен минтан. Пред ова беше за другиот Онисифор. Нели сте и роднини?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледал народот со чудење и страв во отворениот гроб, а таму лежел Сане Сандин со качкет на главата, со црвен минтан, со чевли од мукава на нозете.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа јулско пладне, го теглеа сувите коњи од Погребалното ковчегот во кој лежеше Сане Сандин, со мукавни чевли на нозете, со извеан минтан на грбот, со износена капа на главата, со блажен спокој на лицето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се најде тука веднаш и бозаџија, облечен во тумани и памуклија минтан, на главата со везено ќепе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Синот на Тајко грохотливо и нервозно се здрпа за полите од минтанот, со движење на некој што полетува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа беа широки бечви и минтан направени од најубава чоја, а на дедо кој беше висок преставителен човек навистина убаво му прилегаа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)