мистериозен (прид.)
Има ножни листови свежо избричени, загадочни дупчиња на колената, што сѐ заедно предизвикува една мистериозна загадочност, поткрепена со бутини без масна наслага!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Кај Данте, душите на оние на кои страста им го заплеткала разумот, на забранетите љубовници (Семирамида, Дидона, Клеопатра, Елена и Парис, Франческа и Паоло – извонредно друштво!) „пловат како чапји“ Лепет на невидливите крилја: зборот, чапјата – Ardea, кажан, под песок и книги, кој знае кога, во нечиј страстен љубовен крешендо, или во внатрешниот монолог на непознатиот, долетува, по мистериозната, музичка аналогија, во она што го запишувам.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Би сакал таа потреба да се храни од мистериозни чинки, од месечев допир.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Додека останатите мислители и поети ги величаа мистериозните длабочини на германската душа и настапуваа како рушители на универзалното, тој се осмели да изјави: „Сеопштата трпеливост најсигурно ќе биде достигната доколку го оставиме намира сето она што ја создава особеноста на различните човечки единки и различните народи, сè останувајќи убедени дека дистинктивната црта на сето она вистински вредно се содржи во неговата припадност на целото човештво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се сомневам дека би било многу тешко да се најде принципиелен начин за отстранување на Тјуринг-еквивалентните и Тјуринг-неразликувачките имплементирања од овој вид без повикување на мистериозни специјални својства на ментално произведената перформанса на обата краја на потфатот: Тие веќе беа имплицитни (со право, според моето гледиште) во Тјуринговата интуиција дека би било арбитрарно да се одрекува (едноставно бидејќи се испоставува дека е машина) дека еден систем има ментални состојби сѐ додека неговата перформанса е Тјуринг-неразликувачка од онаа на системот со ментални состојби.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Долго време бев фасциниран од одредени типови загатки, делумно мистериозни, кои се вградени во јазикот што го употребуваме.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тој светот го доживеа како магичен божји лавиринт, но не барајќи го влезот, дури ни излезот. Заглави во мистериозноста.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Причекај малку“, мистериозно изјави и исчезна во бањата. Се попалив. Тоа е тоа. Конечно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Има нос со совршена форма, ни прчест ни кукаст, и кога ќе застане пред мојата машина чувствувам мирис на мистериозна колонска вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Знаеше само дека е неможно да се пребројат, а тоа на некој начин се должеше на мистериозната сличност меѓу четири и пет.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие извикуваа навреди кон чуварите, даваа жесток отпор кога им ги одземаа личните работи, пишуваа безобразни зборови по подот, јадеа прокриумчарена храна што ја вадеа од некои мистериозни скришни места во нивните алишта, па дури му се извикуваа на телекранот кога овој ќе се обидеше да воспостави ред.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Голдштајн беше ренегатот и отпадникот кој некогаш, одамна (колку одамна, никој точно не се сеќаваше) бил една од водечките фигури во Партијата, речиси на исто ниво со Големиот Брат лично, а потоа почнал да се занимава со контрареволуционерни активности, бил осуден на смрт и мистериозно избегал и исчезнал.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Атанас не присуствуваше на таа сцена кога Пелагија и Танаско му овозможиле на дедо Костадин да ги чакне своите очи со очите на баба Петра и во мигот таа да се пресели во неговиот свет, ама подоцна сите зборуваа за тоа па нему му се чини дека и тој бил таму и дека присуствувал на тој мистериозен чин.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кон зајдисонцето се спушта Сансет Булевард (на којшто Вилијам Холден ја пронајде Глорија Свансон и сопствената смрт во базенот), завршувајќи онаму каде што почнуваат Малибу и неговите дрвени куќички (од една од нив Мајк Хамер едвај се спаси кога лековерната девојка го отвори мистериозниот ковчег).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
1. Преобразби
„Срцето ме влече да ги опеам преобразбите
во други тела“,23 на Ѓаволот конецот
намотан на макара да го замрсувам
јазикот да го вртам вртоглаво
на врвот врв да најдам
во коцката, коцка-бесконечност
во кругот, точка-вселена
за габите легло, да го откријам
-пред да пропеат првите петли-
мистериозниот отпечаток, совршено обол
божјата преса по европските полиња
додека житото живее знак дава
човекот да се прилагоди на чуда
и да мисли низ чудеса
небаре сѐ е
од два краја составено
на два раздвоено, непостојано
хаос и космос секаде и секогаш
отровен и неотровен свет двојници
свет условно отворен
на слобода пуштен
за да биде поблиску до смртта
најаве
одошто теориски.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Момата вриснува, се фаќа за долгичкиот мистериозен предмет, а тој сѐ повеќе и повеќе се издолжува над површината на водата, повлекувајќи ја нашата хероина нагоре во височината...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Зарем потрагата по вистината најчесто нѐ води по мистериозни патишта, а враќањето останува последна утеха?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа мистериозна игра, која јас така почнав да ја нарекувам, продолжуваше да трае сѐ до крајот на работниот ден и многу често ми пречеше во работата, особено кога се трудев да се задлабочам во нешто.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)