молежлив прид.

молежлив (прид.)

- Чорбаџи-Дико ми требаше, од далеку сум и имам една мака, - молежливо рече Бошко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во истиот миг допре до него и го омаломошти мекиот, молежлив глас на Јакима, кој остана на докот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Устата да ти се позлати, сестро, - кажи, стопи ми ја грутката во градиве... - се одѕва молежливо мајката и ја стави на градите раката украсена со скапоцени прстени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Очите на братучедите веќе им се наполнија со молежливи солзи како на елени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шишман нажалено го погледна. - Не зборувај така, - молежливо му рече. Србин не одговори.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучедите со подадени раце, со молежлива лика, нога за нога, им се приближија. Луѓето уште не им веруваа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Изгледа ја боли од моето стегање па ја врти главата кон мене, и обете се гледаме молежливо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се обидов да го убедам, колку што можев молезливо и благо, но тој стануваше нестрплив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И на Реџов му е јасно колку е несигурна верата од која само во крајна нужда се бара спас, како во расказот Судниот ден, кој впечатливо зборува за големата суша и за молежливите погледи кон небото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му упати молежлив поглед на човекот со лузната, но тој беше зафатен правејќи совршени крукчиња од чад со усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Една постара професорка со дебели наочари, какви што ги замислуваме оние од „старата школа“, кои на почетокот од кариерата на немирните им удирала заушки и ги потчукнувала со врбов стап, сега молежливо гледаше во професорот до неа, нервозно врткајќи се на столчето.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Молежливиот израз во очите на непознатиот ме натера да застанам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тогаш низ телото на младата жена поминале трпки, а нејзините молежливи очи упатиле поглед што го зборувал истото што би го кажале и подадените раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фимка, силно држејќи го коњот за узда и гривна, милно и молежливо му шепоти и полека, скоро притисната на неговото ребро, го води по патеката што виси над мрачната бездна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајко... - молежливо и кротко допре до неа гласот. Не се сврте.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долг и молежлив поглед пушти пред себе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Леле, не се сеќавам колку пати сум тргнувала, сум ја искачувала коријата, ама молежлив глас ме враќал накај домата - Ќе дојде, мајчице мила... ми вети... ќе дојде...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)