морално прил.
морален прид.

морално (прил.)

По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ни треба интелигенција морално и умствено совршена.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми се чини оти они не се прави и ете зошто: Во новата книга се зборува, вистина, и за отцепување и за соединување, но за отцепување од тие што сме веќе отцепени и со кои никојпат не ќе ни дозволат да се соединиме, а за соединување со тие со кои сме морално задолжени да се соединиме и со кои соединувањето е возможно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Добро си спомнувам, за црвените гаќи на Оливера Срезоска се говореше со почит, со општествено, политичко и морално уважените - (Сигурно, такво нешто не може да се замисли за обичните).
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неговото однесување се промени и тој рече со погруб глас: „И ти се сметаш морално супериорен во однос на нас, со нашите лаги и со нашата свирепост?“ „Да, се сметам супериорен.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Јан Лудвик“, рече. „Ти си целосно морално уништен; ти си обична морална руина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ете зошто, како што му кажав и на Гоце - рекол Мечето - ти изјавувам и тебе: ние сме решени по секоја цена да го спроведеме во дело нашиот план и нека од него и од други слични што би можеле да се извршат по градовите и пругите низ Македонија турската власт се држи постојано во напрегнатост, нека постепено се истоштува материјално и морално, од што ќе може да се види во која мера големите сили ќе бидат готови да ја преземат иницијативата за една интервенција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ама, нели, и не е морално да се знае празникот за да го празнуваш? - си одговори Кадри на прашањето што самиот си го беше поставил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Симон најпосле останал во Долнец сам. И веројатно се тешел со фактот што се сметал себеси за чист, морално чист.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тие официјално и не се есапеа, но морално беа тука, готови да служат на мисијата по нејзиното објективно завршување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веднаш одговорив: Јас, почитуван Сојузен, не се чувствувам, ниту морално, ниту политички, а ниту професионално повикан да одговорам на вашиот предлог.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Вие значи морално бевте со него? - запрашав неочекувано.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Рушветот стана институција, а вистинските инвалиди не можеа на ред да дојдат од морално осакатените грабливци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На Бог му пркосат, клеветат и мамат горделиви среброљупци со суети полни грабаат плодови и шејтанот го слават болни од алчност, подмолни и злобни Вавилонци бдеат над мрачното небо морално да нѐ осакатат и збришат но пирејот нема намера да згасне Господ го создал да живее вечно
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Беше самопрегорен работник, исполнителна, одговорна... и, што е особено важно, морално и политички подобна, а... неписмена!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Силно се труди да ги убеди другите да нѐ гледаат како дефинирани од политичка категорија – односно од геј-идентитет – зашто таквата категорија е морално неутрална.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)