мошус (м.)
Кога Мартин влегува во лифтот, внатре веќе се набуткани многу луѓе, но патем, како што лифтот се движи угоре низ старата зграда која мириса на мошус, луѓето излегуваат надвор поединечно или во група.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ама затоа пак гласот ѝ беше певлив, мекамлиски, без стрчки во извивањето, а за пријатната миризба на мошус и амбра што павташе од неа, и да не зборуваме.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Светла како бел бигор, а мека и нежна како мирис од мошус и амбра, Калија, со збор што беше певлив и пријатен, чиниш по неговите синии бесшумно се тркалаше и ги мазнеше, ги мазнеше - така му се присторуваше на нејзиниот Марко, кога ќе почнеше да ги светнува дали синиите, дали ибриците, свеќниците, дали каделниците, ѓумовите, котлите, араниите, тавите, фенерите или леѓените.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Наоколу прекрасно мирисаше од опијанувачката миризба на мошус и амбра. Што беше тоа, боженце?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)