мртовечки (прид.)
Сѐ на сѐ четири остро потенцирани бои: црвена, модра, зелена и бела, задушено стиснати во дрвена рамка под златна боја со која се бојадисуваат мртовечки сандаци.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кикотење, кое не е далеку од липање, го исполнува мртовечкиот сандак на уште живиот Август Рицман.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Едни коси на неа како од стопен катран, а во рацете мртовечка глава и писмо - „Мудрост и убавина“.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Август не е мртовечки блед. А ако изгледа таков, тоа е од полната месечина, од бледиот благ рефлектор на ноќта. - Публиката се проѕева кога ќе те види.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ни сокот од портокали, ни сувото грозје, ни скапоцените јадења готвени од најдобрите готвачки, ни турските, дури ни виенските еќими не можеа да ѝ помогнат на момата, да се поправи и да го измени своето мртовечко бледило од лицето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А сѐ е тука:слики по ѕидовите тешки двојни завеси врз прозорците ормани што прилегаат на мртовечки сандаци исправени покрај ѕидовите несмасни кожени фотелји штавени овчи кожи расфрлани по подот една земјена Геновева и ламба прокудена во аголот притисната од темновиолетовиот абажур.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Павле и Арсо се исцрпени до крајниот степен. И паѓаат во мртовечко заспивање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И паѓаат во мртовечко заспивање. Без соништа и без осетливост за стварноста.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Извикнува од отворот на подот мртовечкото лице на Павле и со удавеничко поматени очи гледа на Арсо. - Фати ја рачката, слушаш ли, Арсо, пцовисавме!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Старчето имаше сува коскеста рачичка и стегаше со неа тврдо, а потоа и тоа замина, оставајќи му го својот студен мртовечки стисок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Најпосле сами беа и сите оние другите ливотки, што прошмугуваа низ мртовечката темнина наоколу, иако тоа беше доста далеку од ова пеколно дно на самотата, што го имаа тој и неговиот волк.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По него, два коња ја влечеа мртовечката кола, во која беше сместен мртовечкиот сандак со покојникот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На главите — „влашки капи", со две коски цеваници и мртовечка глава, а под нив натпис: „Смрт или слобода".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вешто и брзо го сторил тоа како човек помеѓу чии два чекора секогаш лежеле близнаците животот и смртта тетеравејќи се над темноврела лочка со крената глава, чиниш се потпира на шурката крв, животното се завртило во круг, еднаш двапати и трипати, и таквото движење можело да биде само мртовечки коњски танц, игра и занес на пијанство е умирање.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ми се сноваат луѓето оголени и побелени, мислиш мртовечки глави носат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А денот е слабо доенче и не може од мртовечкиот ковчег да направи колепка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Иако мртовечкиот ветар го бришел сјајот на ѕвездите, над нив светела некаква леденикава ведрина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И таму еден човек. Еден во вратот како бик, со едни ножишта како клади, зараснат во катран црна брада, се излежува во мојот мртовечки сандак што не бил сандак туку бил мојата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Треба да стасам додека не го презалопиле мојот мртовечки сандак за да си влезам во телото.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)