муза ж.

муза (ж.)

Бодни, о поет, твојата муза да летне над раширен свет да пее со горчлива солза за гладни под ропски гнет.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Тажно рече: - Несреќно мое момче, сега слепо, куцо ќе ми одиш цел век! - па потоа со најголеми навреди ѝ се нафрли на проклетата муза.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, муза. Мислевме тоа е некоја Оливера што друго, а тоа признавам, беше најдоброто во таков ден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еве ме, Купидоне, еве ме, црна музо, јас сиот ти стојам на располагање, удри на мене, бори се со мене, се саможртвува Трифун Трифуноски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Господи Боже, отворени беа страниците на вековите тие музи и мириси што раскажуваа некакво будење и селидби...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Од дното на пепелта се раѓа таа муза тој од на тајните сини. Сонувајќи го него се видов себе си.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Темата за „сервилни музи“ е вечна, комплексна и карактеристична не само за тоталитарните општества.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Па како да се снајдат вашите музи во скопската слама и лој.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Веруваа имено, дека повеќе од верската определба, Агата посилно ќе ја чуваат музите на духот и дарбата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Елза Триоле, сестрата на Лили Брик, онаа поради која Мајаковски од облаците си направи панталони, била позната европска интелектуалка, всушност, типична муза.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нема творец, создавач на уметничко дело што не ја спружил својата гордост, својата машкост пред очите на музата, на вдахновението.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дури, кога ја изгубиле музата, сватиле колку, всушност, се луди по неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Лудувањето е моја муза, моја суштина. Тоа е лек за сите мои болести.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, пак ќе кажам дека ја сакам, зошто таа е мојата муза. Се вика СВЕСТ. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)