музикален (прид.)
Само музикалниот човек – лунарната насмевка на пријателот Хорацио ветува уште една приказна од непредвидливиот живот, во што,пред едночасовното клацкање во разглобениот автобус, веднаш го подржувам: - Навистина, секој заод има своја мелодија...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Сигурен сум дека во неговиот случај се работеше за голема утка – ме прекинува – човекот, како што ти реков, беше љубопитен, музикален, а на некои фактори на новата власт знаењето им се чинеше бурка...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Пет часот. Некаде во куќата часовникот одекна со тивок, музикален глас: Пет часот, пет часот, времето се топи, пет часот... а потоа и натаму предеше во тишината.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ленче, знаејќи дека Томето многу пее, не се посомнева во ништо, напротив, одамна се чудеше зошто тоа музикално дете кое така страстно ја љуби музиката не го направи тоа многу порано, како сестра ѝ Христина.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)