мунѕа (ж.)
Гурбетчијата низ пенџере! Ти теквело?! (Му подава мунзи).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
„Нејќев тоа да го правам... Сакав само да го потплашам и да се куртулисам од таа кучка, од таа аспидија, зашто откако ја имам земено, ниеден убав збор не ми има речено, туку ми фрла мунѕи и ми надава лоши имиња: Ушленко, Клепезе, Тололе, Шавре, Прде, Шапрдан, Ќепе...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мајка тогаш му прати скришни мунѕи и му рече: - Тоа е дека не веруваш во вапери.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Жена му на Мил скришум фрлаше мунѕи на Илко и шиштеше низ стиснати заби: - Урвокос! Сатана!
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
По таквите копилиња сите во селото фрлаа мунѕи, а нивните мајки си го колнеа и животот и денот кога им се подале на војниците в рака.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)