набабри (св.)
На деда Богомил земјата ровка, мека, набабрена за род, со страдна душа чека ударите ни јаки со мотиките остри по троскот пелин трат!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Мече ја крена десната нога, лицето му се грчеше од болка и уплав: меѓу прстите му се беше впила голема набабрена пијавица.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Не мачи се, гавране. Ораница сум густо посеана со бол. Плодно набабрувам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Немаш пари, а од оваа мисла туѓата облека како да порасна, како во неа да набабре снага.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се истопи снегот, се потсуши земјата и набабреа пупките на дрвјата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Пет крвави искри на пет зглоба и пет пцости на сувите, набабрени усни, со пет именки во црно завиткани - бог, и природа, и мајка, и смолара, и сопственото семе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Само белите усни малку набабреа задржувајќи долго душено кикотење. „Никола“ , викна и се наведна над белиот лик со танко црвено конче на обата краја на устата. „Никола, јас сум, Отец Симеон.“ Шверцерот и веселникот ли?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Јадар и плеќест, неговата тркалезна глава беше обрастена со бујно навиткана коса која му се мешаше со исто така бујната брада. Усните му беа набабрени и напукнати.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Имаше впечаток како сѐ околу него да набабрело и прокапало, дури сега можеше да ги види и да им се радува на покапаните капавици од својата стреа, што се цедеа во густи шурки и ја длабеа белината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А од друга страна, пак, ќе набујат тревите, ќе блеснат лисјата, ќе се освежи воздухот, ќе бликнат цвеќињата, ќе загргорат поточињата, ќе подивеат пченките, ќе набабрат компирите, ќе ни се згои добитокот, млеко ќе потече...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Почнав да чувствувам и болки. Зрното внатре набабруваше, притискаше.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Мајка пак, желната, умре млада. Ја фати некое чудно болестиште, ѝ се поду кожата, отече целата, се набубри.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И кога по неа набабри втора врз зеницата на Пандо, се подигна старечката рака и дланка рапава, жилава, ковчеста, но бодра, ја откинува за да не остави лишај на пониженост.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Некаков мраз однатре му ги набабри очите, потоа ги повлече, ги исмука од нив светлоста и влагата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Крвта не течеше толку колку што набабруваше и тој употреби една ролна тоалетна хартија за да ја запре.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Излезе месечината. Онака сонлива, се удри од висок оџак. Офна. Едната страна ѝ набабре.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
„Сите новонасадени дрвца се фатиле: гранките се свенати а пупките набабрени.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Фиданките во стакларникот се фатени, набабрија окца“, му рече Томе на чичко Темелко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)