набиен (прид.)
Секако изгледав исплашено или многу зачудено кога ми пристапи шишкаво дете со набиена капа над очи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- И го завиткавме во платна, во кожи, во кожуви, оти беше многу тепан, сета мрша набиена...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Џадето тесно набиено со дебела кременеста коцка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ја тргнал раката од чело и се загледал во треварите, едниот Никола, со шилесто лице на стар и мудар лисец, другиот, Пандил, нешто малку покус и со набиена глава во квадратни раменици на кои, без тој да почувствува тежина, можело да се смести по една вреќа овес.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
БОРИС: Знаеш што си ти? Копиле набиено со хормони. Ти течат од уши.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Им се забележува на моите романи - игра на работ на балконот, кибритчиња покрај шише со бензин, набиен револвер на ноќната масичка - интелектуална потрага водена од самиот роман, нешто слично на непрекинат коментар за дејстието или, мошне често, дејствие поради коментар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Куртиал не беше дебел, туку живо и кусо, набиено човече.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Парсонс, Винстоновиот комшија во Зградата Победа си го пробиваше патот низ просторијата - набиен човек со среден раст, со светла коса и со жаболико лице.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше чудно како тој тип луѓе налик на бубалки се намножува во Министерствата: мали набиени луѓе, кои се здебелуваат уште во млади години, со куси нозе, со брзи ситни движења, и со дебели непроѕирни лица и сосем ситни очи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зад него, Винстон можеше да ја види работната маса со зелено-засенчената ламба, говоропишувачот и жичната канта за отпадоци, набиена со хартија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Па тие двајцата, и физички биле доста различни - едниот повеќе рус, висок, со долги нозе и подвиен во градите, на моменти замислен и затворен, а другиот со посреден раст, набиен, со потемна коса и енергичен.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Можеби јас сум еден од оние
кои сликаат според соништата
кои одбиваат да ловат, значи да убиваат
со полуотворената уста на стрелата
за да ја наполнат својата
и на своите жени
плодови саможитни што берат
и за нас се молат
да има улов повеќе одошто ни треба
(жените кои мислат поинаку
ги праќаат своите души
на срните да им бидат штитник
на стрелите урок)
за пречек ни принесуваат
богат огрев
богот на гревот ни го ложат пред спиење
за да заборавиме на писокот на жртвите
поостер од остриците во нив набиени
за да гинеме од ноќ во ноќ
непоштедени од грозата на лажната смрт
заблазувајќи им на оние кои писнале
еднаш засекогаш!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Никој што го минува мостот да оди на пазар не се сеќава дека Карпош еднаш висел таму набиен на колец.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
На подот послан рачно ткаен килим, но од краиштата се гледа набиената глина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Едниот чувар на редот беше жена, малечка и набиена, од оној тип кој што без проблем ги тепа сите машки во класот во основно.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
За миг се виде себе си како еден капиталец со набиени рогови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Останува мојата сива силуета која напати делува тромаво и набиено.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Со вкочанети раце собираат суварки. Врз набиениот снег разгорени огнови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)