навири (св.)
Наместувајќи ја во клупата, тој со навирени очи се обрна кон присутните родители: „Драги селани и браќа!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А тука Анѓа ја побара помошта и, не можејќи веќе да се воздржи, писна гласно колку грло што ја држеше: – Намашни, либе Стојане, Намашни Шарка и Мрча, Одбрани, либе, од волкот, Твоето рудо јагненце, – а очите ѝ се навирија со солзи почна да ѝ течат низ темните образи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И чини, навири ѝ се нејзе очите, навири ми се мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Куклата ги навири очите.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Повеќето играчки, така живи, или само навиени, растрчуваат, се растрчуваат трупатурно, стрмоглавечки, молејќи го белобрадиот дојденик со тажни гласови и со навирени очи: - Земи ме, земи ме!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Спушти поглед и сврте глава. Не сакаше мајка ѝ да види како ѝ навирија очите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)