наврати (св.)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На пат за мастпазар ќе наврати првин кај бацка си Петруша да му рече „доброутро" и да му го честита денот, па после ќе оди да го продава сирењето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кадијата се наврати нешто во кадилакот и кога погледна преку прозорецот и ги виде селаните на чело со добро познатите нивни водачи поп Јаков, Димитрија и други што беа пред две-три недели кај него, јасно му стана дека не идат олку луѓе кај него за арно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Некоја недела, богати, сигурно нема да им биде тешко да навратат до тебе да појдеш и ти со нив да ловиш...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Навраќајте во него за да се присетите и за мене, зошто јас постојано се соживував со вас и стрпливо поднесував сѐ што се случуваше; страдав кога со вас нешто тешко ќе се случеше, а кришум се радував и се лутев поради вашите немирлаци; сетете се и за вас, мили деца, за вашите први денови, кога како преплашени зајчиња се припивавте кон клупите и плачливо се држевте за рацете на вашите мајки.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Останаа тука без да си речат макар и збор сѐ додека не наиде еден селанец, пристар, кој наврати да се напие вода.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
По дворот околу неа кокошките го оптеретуваа ѓубрето што не беше исчистено откако кацна фронтот горе на Пелистер и во анот муштерии навраќаа од новина на погибел.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Трајко си беше пристар и тевеќелен човек и не подозираше никакво сомнение во Толевото често навраќање.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Ако наврати до кај триста, ќе го земам", — си рече во умот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Идниот ден Толе наврати во селцето Лопатица и вечерта ги собра селаните да им понаговори да се вооружуваат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Цртежите му ги виде еден од сликарите што навраќаше во слаткарницата, се воодушеви и му рече на татко му да го даде Столпника да учи сликарско училиште.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Не ја имав видено кај нив порано и ако често навраќав - можеби им е некоја роднина.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Малку се помислив - тоа беше комшиката на тетка Рајна, која наврати кај нас, се сетив иако само малку ја видов.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Марина многу ретко навраќаше од училиште кај нив, повеќе чувствувајќи некаква обврска.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Пред да навратиме на јазикот збор – два за времето, за ликовното за музичкото во поезијата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И глеј – навратија тука дечиња и нивните гласови како жолти, бели, небесни цветови утрото никнаа низ полето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Патот неусетно ме водеше кон пристапите на „Пигал“, на „Анверс“, но, бидејќи уште беше дење, решив овде да навратам во вечерните часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пишуваше дека во неа навраќал во свое време Балзак и дека, кога доаѓал овде, го пиел тој и тој пијалок а сега кафеаната постојано ја посетувал Жан Пол Сартр.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)