наглас (прил.)
— Мори, оти да не меси, зар му се суи рацете!? — одговорија овие, наглас се насмеаја и се завртаја назад да видат дали ги гледа ќатипчето од конакот, кое веќе одамна беше ја „обесило пушката" кај Петкана Милевска.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Она што беше испловило отаде го натера наглас да си шепне: - Навистина , кога не би бил вака сам...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Жената го викаше наглас некаде од долу, од утробата на куќата, но тој не се огласи и не појде натаму, остана тука на покривот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Наглас се кажа она што тој со денови го мислеше, неправдата што го гореше, агресијата врз неговиот личен и национален мир која не можеше да ја сфати, како што не можеше да сфати со која своја постапка, како човек или како Македонец, тој придонел да се најде во оваа ситуација.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Јас тепам само курви... и Срби“, се изнасмеа наглас и замина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)