наговори (св.)
Сега ќе треба ти да го најдеш Илија и да го наговориш... Разбираш?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Учителот ќе го наговори стариот. Само Арсо нека потрпи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Љаке задоволно отиде да каже дека едниот, посилниот, го наговорил да се борат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И сѐ така, некако го наговоривме. Дојде човекот. И убаво отпеа, за право. Јачи црквата, се нишаат иконите, свеќниците.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Крсте им нареди на домашните да носат шест недели црно за Благуна, а потоа сите жители на Потковицата ги обиколуваше и ги наговараше да се согласи да го примат Видана нивни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ова недвојбено укажување на него како на извршител на злосторот, па Мусли бег, загрижен од одмазда на дворот врз сиот негов сој, се опинаше да го наговори Арслан бега да се откаже од потерата по Владимира Акиноски и да моли, и да измоли заедно, со помош на беглербегот битолски, нивни роднина, што побрзо да му биде даден ветениот имот во Битолско.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Погледнуваа скришум во сонцето и колнејќи ги во себе Дамческите, Турците, судбината христијанска, ги наговараа жените да се стрпат и да почекаат додека да се попристемни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Обично ме моли и ми се умилкува за да ме наговори на раскажување.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Од оној ден кога Бонети расположен кај рибарот Дејко му рече на кметот да му најде некоја жена, кметот го стави тоа на ум и почна да му бара. Но ниедна не сакаше да чуе. Реши да ја наговори братучетка му Цара.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така, познат е случајот кога Хавелок Елис (Havelock Ellis) го наговорил познатиот поет Јејтс (W.B.Yeats), да проба мескалин и кога овој халуцинирал разни чудовишта и змејови додека гледал во шарениот столб за огласи негде во Челзи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Наговорила две други девојчиња да тргнат со неа, избегале од поворката и цело попладне го поминале следејќи некој непознат човек.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А јас верувам оти е блиску до паметта дека Ролан го наговорил својот пријател да не прифаќа нов сличен договор за да не го потемни успехот постигнат со првата слика.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јас неа ја наговорив да му пише нему и да му рече оти божем јас сум ѝ на умирање.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Можеби тоа беше само нејзината испробана метода да ме наговори да влезам во водата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе го наговориш мажот ти да направи дарение на манастирот, та така гревовите да му се простат.“ Тодора ги избечи очите:
„Дарение!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но баш таа мисла го свестува, и му станува јасно: ова го имаат скроено Гога и неговиот другар, ја наговориле да се нашегуваат страшно со него.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Некои грубо се наговараат, некои веќе лежат под смреките како што лежат волци и волчици во планинава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кочо се потсмевна заради ова наговарање.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)