нагорнина (ж.)
Продолжија... Кога ја искачија малата нагорница, директорот брзо се запре.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По восочното лице на дајреџијата се испиша мака и загриженост, како да му помогне на директорот полесно да ја искачи нагорницата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ги сечеме нагорнините и рамнините на Халкидик. Остануваат зад нас летувалиштата Агиа Триас и Переа, кои се на дофат на Солун, и токму затоа сѐ уште не се такви, какви што се среќаваат на секој чекор во длабочината на овој полуостров.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А гајдата има рекам, вели, гајдата има нагорници и свиоци, вели, гајдата има чапрази и дизгини само јас кога свирам...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така катаден трчаат зад колоната камиони што змиесто се оддалечува по нагорнината…
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не знам како да излезам, како да ја искачам нагорнината. Потерата ни е зад петици.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како и патот на дружината: по секоја нагорнина им помагале на ослабените ѕевгари со бутање, тешко и убиствено, двоколка по двоколка искачувајќи преку дупки и камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да се качувале по нагорнина, тешко дишеа, од нив се испаруваше мирис на нагорелини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговите придружници можеле да бидат исто така пци пуштени од синџир но тешко го стасувале - Онисифор Мечкојад брзал, потрчнувал кон нагорнината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Царот стана. Беше замислен: „Сега можеш да ми покажеш што си видел.“ Минаа низ градината, преку тревникот и малиот мост, потоа низ коријата, и на крајот се искачија на една мала нагорнина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во сонот се виде себеси на некое место целото облеано во белина, а некаде ем далеку ем блиску некаде, гледа еден пат како право се искачува косо кон некоја нагорнина и знае дека кога ќе се излезе таму горе на рудината се излегува над некое езеро со сина вода како да не некое море.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)