надвие (св.)
Тој го стави српот на рамо, ги потпре тупаниците на колковите и се подисправи за да ја надвие болештината на крстот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Што да жалам долу ќе ми бидеш и камен и море и рид и дно сите времиња ги надви!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Ќе успее ли неговото благородно срце да ја надвие подлоста, која како голем и страшен полип ги обвива и стега со своите безбројни пипала. Или...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По долго мачење, најпосле ја надви. Кога ја отпушти, таа беше смирена, но уште липаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Христијаните молеа во пресметката да ја изгуби главата тој, Арслан бег, не само зашто беше опачен и неприкрепен на умот, туку и дека она во кое до појавата на гласот само се сомневаа, сега, благодарение на него, на гласот, сосема веруваа, а Турците Арслан бег да го надвие гласот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тиа, пак, откако беа надвиени, се фрлија на коњите и по Пазарџиски Пат побегнаа накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се смурти прво, облак ги надви нејзините густи чатма веѓи, носот ѝ се издолжи уште толку.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога си заминуваше светлината Денот квичеше како слепо кутре И го фрлија в река Ако ја надвие водата и залае на песокта Ќе му стане водич на слепецон што чека на брегов
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Или станува збор За обичен двојник на божилакот Опчекорен над бездната Не за да го надмудри скокот на еленот Туку за да го принуди и исплашениот Да помине со човечки чекори над бездната По патот што ќе ја надвие Збунетоста од стравот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Единствената причина што врагот, кој толку ја мразеше работата што сестрата на Иван еднаш добро го искара затоа што нема плуски на дланките, се согласи и понатаму да ѝ аргатува на дуријата, лежеше во неговото очајничко решение да го истера моралниот дремеж што се закануваше да го надвие.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сенка темна се надви над розов бакнеж во свила стегнат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)