надесно (прил.)
Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тие знаеја дека Колобан седи кај бела Бојана; та сите ги тргаше нешто надесно место налево, кај конакот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Неда пак, кога виде дека Крсте навистина ја гледа и таа се заврте надесно, на спротивната страна од него, и продолжи да пишува во тетратката, целата затресена.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чекореше по Глигор. Неговиот широк грб се клатеше де налево де надесно, на три чекори пред него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кога дојдоа до улицата, застанаа, погледнаа налево и надесно и бидејќи не се гледаше ниту еден автомобил, велосипед или некоја кола, се стрчаа на другата страна.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Но не ја издаде таа наредба на јузбашијата и Рушида, ами замава со камшикот надесно за да му направат пат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Боже, белки ќе го свртиш надесно, да се прибере, да си и изгледаме дечињата како сете еснафки" си помисли таа и си зашетка дома да си види ред домашни работи, за кои немаше никако време, та дури ни кркмите немаше време да си ги потсече; беа ѝ паднале до очи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Баба му истрча од станот, надвор од куќата, налево, надесно. Од санката ни трага...
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Еве ја солта што ја баравме, викам, а луѓе никаде нема. Ја вртам главата налево и надесно, вели, цело поле е празно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сонот го следеше својот тек: и во него први беа скалите, дрвените скали на старата куќа по кои се качува, па кујната со маса наместена како за ручек со шарен извезен чаршав, соларник на сред и четири чинии околу, потоа надесно, кон собата во која спиев со Мајка, таму, веднаш таа-лежи на креветот, до половина покриена со јамболија под која ја насетувам мекоста на крупното тело.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Ги отвори очите и ги врти налево, надесно, ги шета низ собата. Се чуди, каде е.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ко чешма блика крв од под раката на Лазора Ночески. А тој ја мрда дршката од ножот, налево и надесно ја мрда и ножот само влегува подлабоко.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потоа почна да дава команди: мирно, слободно, налево, надесно, и одеше да гледа од секоја страна дали стројот е рамен.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А оти да умрам разбушавен, вели Лазор Рогожаров и си го растерува патецот надесно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Две топчиња тргаш налево, едно надесно и, толку по толку, рамно толку.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Требало да свртат надесно па да излезат на големата улица.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Мора токму така да си врви, како што се движи стрелката на часовникот - одлево надесно.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И нашето тело ненадејно станува лесно, преминува во убав ветер; ненадејно, ние стануваме двојни: надесно, рака - налево, рака; надесно, нога - налево, нога; страни и уши и очи и плеќи не граничат со останатото.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Двајцата заминуваат надесно, а одлево се појавува полека Вера.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)