назначен прид.

назначен (прид.)

А можеше, преку мажот, да побара да биде назначена во некое од поблиските училишта. Не сакаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Прати до назначеното лице на пликот во селото Нивичани 6.000 златни лири.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
При реорганизацијата на привремената Демократска влада на Грција, еден претставник на НОФ станува член на владата, претседателот на НОФ влегува во составот на Вишиот совет на ДАГ, а секретарот на НОФ е назначен за директор на дирекцијата за национални малцинства во Грција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Спрема тоа, природно влегува во овој реон што е назначен во Протоколот да ѝ припадне на Албанија...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На таа служба се назначени.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Набргу кај него почна да се раѓа вистински ужас кога наближуваше назначениот ден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше назначен во еден поткомитет на некој поткомитет, на некаква поткомисија, која пак беше произлегла од една од оние неброени комисии што се занимаваат со помалите потешкотии околу комплетирањето на Единаесеттото издание на Новоговорниот речник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа, веројатно, и заради малку поотворената боја на новиот фустан која како да се прелеваше во две, еднаш темно сина, еднаш азмајно сина со одвај назначени ѕвездички извлечени со црни линии.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Амди Кола отиде да пие Пепси. Неговиот син, кој едвај имаше четврто одделение, беше назначен за шериф у неговата населба Путка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А тужителите целосно му ја препуштија одговорноста за водење на парницата на својот адвокат (Ивановска) – па предметот 18 месеци беше заталкан во фамозните судски лавиринти, а се помрдна од „мртва точка“ дури по поднесената ургенција до судот, по што истиот експресно беше пронајден и беше назначен нов судски совет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој формирал девет бановини, на чие чело се наоѓале гувернери (банови), назначени од кралот и имало Сенат составен од луѓе препорачани од полициските власти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Деница беше назначена за кеш шефица, одговорна за собирање на парите и, по распределбата што ја утврдуваше Круме, лично да им ги предава на Илона, Авни, Ниротакис и Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Татко тогаш ги откри битолските кадиски сиџили во вакафот крај една џамија и со наредба од највисоката власт беше назначен во Државниот архив на Народна Република Македонија, да ги толкува, подготвува сиџилите за објавување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски бујно размислуваше и откриваше дека голем број ретки книги од неговата библиотека би можеле да се надоврзат на Татковите книги според назначените тематски области.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)