напластен прид.
напласти св.

напластен (прид.)

Не го чувствува остриот мирис на згниени дуњи, ни дебело напластениот прав по расфрланите кошници, куфери, вази, книжни цвеќа, порцелански чаши за пиво, распукан будилник, картонени кутии, скршен глобус, парчосани географски карти...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Напластената ровка земја се отресе од неговата глава и тој жедно ја вдиша свежината на воздухот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Попладнето, во дремливата долина, во напластената тишина, како остра пила се засече автомобилско брмчење. Шумарот, кој друг!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во вакви пригоди, или царуваше тишината или започнуваше одамна премолчуван разговор, со доволно напластени значења, за разврска, во свеста на обајцата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше напластени вистини кои му укажуваа дека е дојдено дефинитивното време за да се ослободи од нив, имајќи ја само Мајка како сведок.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Морето ми се нудеше како излез од напластената историја на картагинскиот брег.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ВОЗДИШКИ МОЖАТ да остават траги и во напластен снег... Кога ќе се истопи - трагите ќе останат... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога ја изговараше синтагмата Октомвриската револуција, тоа го чинеше со тивок глас, гледајќи несвесно лево-десно, уште не можеше да се ослободи од напластениот страв во душата од Голи Оток, којшто како да беше поминал во инстинкт, како рефлекс, иако беа поминати години од неговото ослободување и никогаш целосното рехабилитирање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во прочитаните страници се откриваше напластеното време на минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)