напласти (св.)
Заборавен вишнеам на овој црн каменест пристан со крепкост за да ја хранам неизвесноста врз мене на мојата кора пластје напластиле заплашувањата но секојпат суров бев кон слабото.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Внимателно го крена ’рѓосаното железо, изгравирана глава на лав, што висеше на она крило од портата кое не се отвораше при секојдневната употреба и околу кое беше напластен од страните мов, а од долната ивица, напролет никнеа тревки.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но штом ќе се напластеше снег, со морничави ноќни завивања го покажуваа своето присуство.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сакаше тој час да ја истури пред татковите книги сета насобрана зборовна материја, сѐ што му се напластило во душата, откако се видоа последен пат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мансардата тонеше во морињата од ветришта во долгите денови без сонце и ја зачкрипуваше секоја своја коска, ги растресуваше старите правливи напласти од своите греди, подвиените столбови и дрвената граѓа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Овој ветер ги гореше пределите, ги растегнуваше коските како восок, крвта ја зовриваше и згуснуваше во калливи напласти во мозокот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Имаше во мојата свест напластени наивни изговори во прилог на улогата да се патува во Албанија, наивни занеси дека таму, во родната земја, каде што Сталин уште владее, не можеле преку ноќ да ја убијат илјадалетната беса, големото гостопримство, постојано отворената врата за туѓинецот и безусловното жртвување и многу други вредности со луѓето макар што во вечна изолација и одбрана се одржуваа, истрајуваа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Штом некоја шема не функционира, направете едно чистење во својот духовен живот, како што напролет со постите правиме чистење на своето тело од сѐ што се напластило како негативно во нашиот организам, во нашиот ум и во нашата душа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Погледите им се сретнаа мило ослободувајќи кај обајцата некаков напластен замор, од дневните грижи...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Смогот легнат до земјата со целата своја густина беше напластен се до училиштето „Кочо Рацин“ над коешто се наоѓаше неговиот дом.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како да не се виделе еден век, како да се гледаа и за наредниот век, толку многу копнеж беше напластена во нивните души.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но, беше ли кај Борко тоа само одглас на менталитетот напластен и зацврснат низ искуството на генерации негови предци?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Вестите за трагични настани во Палестина ме поттикнуваа да ја ослободам од себе историјата која ја бев напластил во себе за време на мојата дипломатска мисија кај Арафат, но повторно нешто ме запираше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Градинар во сите годишни времиња. Во неговото лице, со избраздено чело, беа напластени повеќе слоеви време на страдање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не беше тешко да се разбере оваа филозофија на вазалска потчинетост, којашто во овие картагински простори, во кои беа напластени неколку слоеви цивилизациски мудрост, продолжуваше тивката и жилава борба за опстанок, чиј вистински човечки спец-мен беше стариот градинар.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Жари пламенот, ги подлижува и ги прегрнува цепениците, разнишано се извишува нагоре, се напластува дипла врз дипла, за миг се смалува и со поголема сила наеднаш расте и пругоре исфрлува роеви искри.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Свенаа и жените, и момите. Шамиите преврзани и преку носот и преку устите, и кошулите напластени со плева и прав.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)