напрчи (св.)
И навистина, само што помина Благовец, Доста напрчи разбој под тремот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А, ете, нема ни година откако дојде Доста, и ене ја, го напрчи појасот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но, бидејќи не знае како, тој се напрчува и вели: - Вие в село немате високи куќи, нели?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ние овде малку, други на друго, трето место, и ене го — агата се напрчил!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дали се прашуваат кај ќе ги напрчат нозете, кој ќе им ја јаде пченицата, кој ќе им го посети гробот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе стежнат свињите и ќе се напрчат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дури и црвеникавата коса, кусо потстрижена, му беше напрчена.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Ама е напрчен!“ реков. „Се прави важен, божем негово е.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Најпосле Ливајн стана, ги стави рацете в џеб и ги напрчи мадињата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Птицата се сврте кон него, го фокусира шашливиот поглед преку нишанот на својот клун право во неговата глава, па кресна нешто просто и пцостно, го напрчи ветрилото на опашот и навистина одлета, ама не како избркана туку како поканета.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ако ѝ рече да остане, божем за да имаат децата права мајка, таа ќе се напрчи уште толку, небаре женски чауш, и ќе почне да му го фрла фесот низ чардакот, или да му ја топи чалмата во шадрванот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Она првото што ќе го напрчат секогаш кога ќе излезат на улица се носевите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Црна јас“, како да излезам, како од под туш, ама се напрчив, вдишив воздух, се исправив колку што можев... и излегов.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)