нареден (прид.)
На полици книги во преврска златна Редом наредени стојат, Книги с хилјадници на душа му матна Жл'чка му кревајат и јад.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
Децата што го слушаат си разотидуваат, а тој си продолжува во наредната улица.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење и, кинејќји од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
За алките заковаа синџир од два метри должина, па тој синџир го врзаа за алката на наредниот и така со дваесет и шест метри синџир и тринаесет алки ги оковаа сите бунтовници на по два метра растојание еден од друг, да можат да одат на двојни редови.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се сретнаа недалеку од наредените црвени автобуси опседнати од шаренолика толпа и застанаа еден наспроти друг, со испитувачки погледи и затворени секој во себе. „Па здраво“, зачекори кон него Отец Симеон, гаменски исправен и со забуцани раце во длабоките џебови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А веќе наредниот ден илјадници изгладнети деца како мравки се разлазија низ маслиновите гори.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Густо наредени една до друга, личеа на ограда што ја посадил некој џин.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Уште наредниот ден по невремето ги пронајдоа однесените шатори во коријата спроти Рамни Ливади.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Инаку по другите греди стоеја наредени снопови ’рженица, косила, вили, лавдари и разни други предмети.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Повлече прво една линија попреку а потоа од двете страни и наредни чаталчиња. Тоа беше фронтот од каде што доаѓаа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но наредната зима ќе си фати плански и снегот во своето грло ќе го стопи...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Преку нивните гради мируваа наредените фишеци во коланите, јатаганите висеа на колковите, а широките флоки и долгите пискули на фесовите се вееја на утринското ветерче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во неколкуте наредни денови сакав да ѝ кажам на тетка Рајна - зошто така му велеше на татко ми, но, не знаев како да започнам разговор.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Па кога наредната есен надојде реката, не можеше да го пробие насипот и го сврте својот тек кон карпестиот брег.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Сум била и јас несилка, сиот овој грагор, сите овие наредени стомнина што спијат, сум ги износила и сум ги снесла.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Децата спијат, наредени до мене, ко стомниња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И забите му се наредени ко пченица и цела уста, бре, зошто да кријам, цела уста му е некако ко изворче полно со белутраци. Така ми гледаа тогаш очиве.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уште наредниот ден, заедно со стрикото пристигна во Солун, преноќева кај нив, а на другиот ден, вечерта, со едни прилепчани, кирајѓии, пристигна во Битола, кај тамошните деленици, за третиот ден, напладне, да пристигне во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од така потопениата во вода `ржаница, откако добро ќе искиснеше, наредниот ден, околу мала ужина, правеа јажици и тоа, правењето на јажици,како и врзувањето на снопје со нив, беше мајсторија што не знаеше секој да ја прави, туку само најопитните.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Први ја открија татковците на погубените Турци, кога, наредниот ден, заедно со христијаните од Потковицата, заминаа во потрага по синовите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)