насмевка (ж.)
Штом јунакот тој ќе го гушне со насмевка милна, радосен ќе ми те баци . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
СИМКА: (Со насмевка). Од црква идам, Костадине. Бев пред света Пречиста... да ја дарувам... (Срамежливо). Костадине, денес многу, многу те милувам...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
СИМКА: (Со болна насмевка). Го знаеш ти, Костадине, моминското срце... Додека сме моми, немаме срце. Само сме моми...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Гледај. Ја развлече устата во лажна насмевка и плесна со дланките.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Малку е, наслутив насмевка зад замрсените влакна со боја на `рѓосано железо.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Трепетливите ковчести прсти му се смирија, лицето му се развлече во сонлива насмевка: мустаќите му се поткренаа малку и ги открија двата заба во модрината на устата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од секого добива по една притворна насмевка и краток одговор на неговите прашања; ама колку за бериќетот сите како под команда одговорија дека годинава бериќетот е слаб.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И со една блажена насмевка процеди преку заби: — Море ми, какво е тоа кучило волку шо ме шмачи, сестрице Митро, дете или чупе — чумата да го вркне?!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога Митра со претворена насмевка ѝ одговори „мори чупе е, чупе, невесто Досто; токо, нека ти е живо, ако е чупе!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Насмевката на лицето што личеше на оближување ја прошири.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На ниедно од децата неговата насмевка и милозливост не им влеа доверба.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тогаш тој рашири насмевка на црното лице и се откри низа убави бели заби.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А Ганка? Насмевката како хармоника се развлече во смеа, стана широка, збрчкана, гласна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Вистина, класјето пак се занишаа но го кријат ланскиот траг и нѐ чекаат ведри да замирисаат вашите насмевки пак.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Смешен сум, рече. Што говорам, се насмевна. Тоа беше прва насмевка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Некој нејзин шеф во кожено палто ѝ ветил со играчка насмевка летен одмор во оградено летовалиште на високи дотации, меѓу министри, началници и политички фолери.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Белите заби пркосно блеснаа. Пенливата насмевка тој ја сфати како пакост на ситен човек.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше блед и не можеше да ги развлече полните усни во насмевка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Чувствуваше: натечените, крвави усни уште понесопирливо се тегнеа во насмевка, зашто мислеше, ова е крај. Марија број два, зошто липаш?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)