насолзи (св.)
Зар мојата рака дотолку да му ги насолзи очите?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога сѐ беше подготвено за тргнување на пат, баба толку се нажали што очите ѝ се насолзија. „А што ќе прави малечково без мене? Како ќе се снаоѓа?“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На сите им се насолзија очите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Очите ѝ се насолзија и таа низ плач рече: - Мое е учителке, но ми го нацрта мајка ми.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Од тоа таа ќе се нажали и ќе се насолзи, а мене ме болат солзите во нејзините очи.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Еве, веќе ме насолзи. - Прости. Не сакав да те расплачам, сакав само да те разведрам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Па се чудеше зошто Бошко се насолзува, па и самата проронуваше по некоја солза, зашто дечињата што ги везеше нејзе најмногу ѝ ја параа душата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Арафат ми зборуваше за средбите со Тито во Белград, на Бриони, на бродот Галеб. Му се насолзија очите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пребледе во лицето и очите му се насолзија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)