насон (прил.)
Како глувче во фак. Лежам и како насон, кога некој ме брка, не можам да бегам; се мачам и го чувствувам чукањето на срцето дури и во коските.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Небаре насон гледав четири чифта исплашени очи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
А не можевме ни насоне да претпоставиме дека тоа е последната зима од нашето време со козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Тој, бре, што ми доаѓа насоне секој ден.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Главо моја – моја ли си?.... Главо моја, каде си – насоне или на јаве?“
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Зар вие не сетивте кога ве пренесував откај брегот? - Ни насоне, верувај ми.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тој мислеше на нејзиното голо, младо тело, онака како што го гледаше насоне.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се плашам од нив. И насоне и на јаве.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ние тогаш ни насоне не можевме да си претпоставиме дека ја минуваме границата која, како еден од најголемите балкански ѕидови-граници, ќе опстојува толку долго, како лузна на Езерото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Јас како топ, - тамам се пофали Фоте, па се штрекна: Да не грчев? - Кој? Ти? Ни насоне.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Претпоставувавме дека таа понекогаш речиси насоне ја довикува мајка си која никогаш не ја видела во животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка, кутрата, ни насоне не можеше да насети дека во рацете ја држи пресудата за Татко, за прогонството во Голиот остров на Јадранското Море, пресудата за крајот на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Да не се сонувањата колку груб би бил животот - ... Ете, насон сме се виделе - сме си ги кажале маките...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Сум скинала многу од митровденчињата - да има за сите - насон сум си рекла - а од босилекот само една китка - За дедо - сум си рекла.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И одеднаш - се гледам насон сум заталкала во густ капинарник.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)