науми (св.)
Го викавме војвода, господ. . . штом наумил нешто - веднаш го вршеше лесно.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Но зашто ја ви наумвам, клетички девојки, наше славно време, старо, наша прежна доба?
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
„Може да е подобро тоа што наумил и решил Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше една таква пушка, создадена за со неа да можеш да скинеш сѐ, што ќе наумиш, а никако да плашиш дивинки ноќе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дрварчињата се стрчаа кон училишната кујна, а учитилницата стана тивка и спокојна како шума во којашто и ветерот наумил да си почине...
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Всушност, тие цело време се вртат во круг, како околу некоја кафкианска крепост, за да не можат никако да стасаат таму каде што наумиле...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Пред да биде погубен Арслан бег со дружината, додека акаше низ полето за да го дофати Владимира Акиноски, во време жетва, беше наумил да ја грабне за брата си Салија најпрвата убавица во Потковица, Руса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога стасала за мажење, се здебелила премногу и младичите ја одбегнувале, не наумувал никој да ја земе за жена.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Нивната постапка на никого во Потковицата не му се допадна, но и зашто никој не ги познаваше Акиноските ниту нивните обичаи, сите со притаена сомничавост исчекуваа да видат што наумиле тие со тоа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мене пушти ме да прашам што сум наумил ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Луѓето се чудеа... Што наумил сега Чанга? Каква прослава на враќањето кога му се готви јамка, кога му се бројани дните и нему и на козите?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга обично одеше докрај во извршувањето на науменото, немаше сила што можеше да го сопре, особено кога го водеше инстинктот на вистината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога се доближи уште поблиску веќе беше очигледно што наумил човекот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Науми да си направи погреб на живоќе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Јас сум многу љубопитна по природа и моите дома често ме нарекуваат „досадија“, демек- сум била здодевна со прашањата, со упорноста да го истерам докрај тоа што ќе си го наумам, па ги „давам“ понекогаш до бескрај, додека да “им пукне филмот”, како што има обичај да рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас се вознемирив зашто веднаш ми беше јасно што наумил.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Земанек не сакаше ни да чуе. „Знам што си наумил“, рече, „но јас не останувам“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Самиот ги избира жртвите што наумил да ги усреќи, самиот тој ќе одреди кого ќе го поплука, а кого ќе го фрли и во шепите на смртта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)