националност ж.

националност (ж.)

Ако се подигне сега прашањето за националноста на Македонците, тогаш ние ќе треба да се вратиме назад за 30 и повеќе години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така Револуционерниот комитет беше чисто македонска организација по произлез и по неговиот состав, но тоа беше само работа на еден дел од една од македонските националности, врзана по име и по црковно-училишните работи со бугарскиот народ и држава и нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
59. Зар е и возможно сега националното обединување на Македонците, кога во Македонија има многу, а не една националност, и кога нема една одделна македонска словенска нација?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ве предупредуваме дека извештаите без точни податоци за името, презимето, датум на раѓањето точна адреса и националноста, не ќе се земаат во предвид.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Козите имаат раса. Прашај за раса! – го предупреди шефот во шепот. – Националноста не важи, туку расата, од која раса се козите? – Санска – одговори татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние децата живнавме. Братот партиец, охрабрен од претходната пофалба на шефот, прв одговори: – Балканска! – Балканскааа! – запишуваше шефот. – Немаат козите националност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Шефот строго го гледаше, бараше да продолжи. – Националност? Сега татко ми се насмеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Глобалниот триумф на овие прагматични системи остава вакуум, еднаш веќе пополнет со сништата на алтернативните економии и политики, кој емоционалните барања за националност брзаат да го заземат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Сѐ додека еден граѓанин на оваа држава заради една националност политички, општествено и човечки е адекватен, одбивам да бидам сведена на било која - му го објаснив својот став на чекачот, горда што успеав така згодно да го формулирам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Не сум неопределена во војната, туку во рубриката „националност“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прво, актуелното негирање на фактот дека уметничката креативност во Британија (посебно во Лондон) беше процес на реципроцитет и борба помеѓу уметниците од многу националности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Омаловажувањето на националноста веќе не е можно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во сајбер просторот веќе никој не може да биде препознаен и класифициран според бојата на кожата, полот, националноста, староста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој сфаќаше каков шок доживеале кога им го испрати писмото во кое ги извести дека со него живее жена што е од друга држава... Од друга националност...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беа тоа луѓе од двете вери: рисјанската и муслиманската, од различни националности.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа особено дошло до израз на 1 декември 1941 година кога претставниците на СОЕ на Средниот Исток се нашле во незавидна ситуација не можејќи да дојдат до луѓе од „грчка и југословенска“ националност кои би се вклучиле во служба на СОЕ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според нив претставниците на сојузниците на Блискиот Исток не биле наклонети за соработка, бидејќи тие не можеле да сфатат дека: „а) СОЕ може да игра важна улога во војната и дека, б) најголемиот дел од оваа работа не може да се изврши од претставници на британската националност и дека во сите случаи работата подобро ќе биде извршена од националностите на односните земји.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Конечно, од неколку години наваму, се појавило главно во Русија, трето мислење... вистина е, според него, дека последниве (Словените) несомнено им се сродни на обеве националности (бугарската и српската) и претставуваат одделна гранка на големото словенско семејство...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За Бугарите нема никакво сомневање за националноста и јазикот на Словените од Солунскиот вилает: сите ги поврзуваат со истото семејство како оние од Кнежевското.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе