најголем прид.

најголем (прид.)

Близу до таа планина имало и едно поленце што било полно со скакулци од најголемите, - тамам за рана на штрковите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
11. Најголемиот грчки остров Крит во 1897 год. успеа да добие автономна управа во границите на Отоманската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
132. Хрватот Ватрослав Јагиќ е еден од најголемите слависти воопшто во 19 и 20 век, долгогодишен професор по словенска филологија во Одеса, Берлин, Петербург и Виена, автор на многубројни славистички студии и изданија на стари словенски текстови и основач и издавач на славистичкото списание „Архив за словенска филологија” во Виена, како и на незавршената „Енциклопедија на словенската филологија”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но во последната година г.Станчев, кажуваат, се спуштил толку долу, така ниско го спуштил бугарскиот престиж во Петроград како што не ќе можеше да направи и најголемиот непријател на бугарските интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А зошто беше Марко Крале најголем јунак?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кој беше најголем јунак на светот и векот? Марко Крале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кумството е најголема чест, жими Ристос!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бидејќи целата вселена ја сфаќаше како применета логика на „светскиот разум“, тој затоа и ѝ даде на оваа логика најголемо значење, ја издигна на степен на највисока наука, го виде во неа здобиеното целокупно знаење.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Остана сирак гората, остана сирак народот, најголем сирак борбата спротиву свети Илија.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Професорите од жолтата гимназија, луѓе сиви и без разбирање за сиот живот околу себе, и жителите на безизлезната улица, ситни во своите страсти за кои најголем настан по некоја светска војна беше апсењето на стариот Адам, не ми беа разбирливи, во нив не го видов она што е спротивно на злото иако многуте не беа зли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пуст, сив, студен крај. Во тоа сивило почна најголемата битка, што сум можел да ја замислам во тие години.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неговиот предлог сите го примија со најголема сериозност но јас не се согласив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сукаловите 'ржи во Кула се прикажани, та затоа тие секоја година врзуваат најголеми снопови, и затоа даваат најмалку спаилак. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е, кој му е крив оти сакаат и жените да му стожуваат снопје на некои влечипинци? — се јавува пак Милош, чиишто снопје се сметаа за најголеми.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така се спремија за најголемиот утрешен празник — свадбите. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата го видоа и тоа дека на рацете има неколку прстени сѐ од сребро и злато, а еден меѓу нив беше најголем, со камен што светка како искри да фрла.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во меѓувреме Бориз и Петка, дете најголемо и најсилно меѓу нас, праша: - Кој бил тој Луман?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Па однеси ме па однеси ме велам ти детство однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна ти најголема илузијо без метафора прозору неспретно отворен грубо длабок за сите бои на вечноста Однеси ме низ овој дожд ти врвицо за да ме вратиш блага во овој пристан мал во ова нежно седло на сонот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А најголема тешкотија им беше да најдат други коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе