најскап (прид.)
Ѝ определи засебна соба најудобно уредена; ѝ направи најубава облека, скапоцени срмени влечки, накити какви што имаше на времето најубави и најскапи и ѝ наложи на Ајша да почне со кандисувањето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Па кога едно дете ќе ги сфати овие нешта, како што ги сфати и Зоки Поки, тогаш за него е најголема среќа кога тие тато и мама ќе го сакаат и него, и ќе го примат во својата убава заедница, чувајќи го како најскапото што го имаат.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Несреќата со земјотресот за сите беше несреќа - за Ели, за мене и за тато најстрашна. Ни зеде нешто најскапо.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Нарачав од најубавите и најскапите пијалоци за пиење. Исто така и најскапи јадења. Пиевме и јадевме колку што можевме.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Може да биде студентка или асистентка по архитектура, а можеби, ако судам по извалканите патики од најскапа марка и седефестите рамки на очилата, размазена ќерка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Клучот - како нешто најскапо, како потврда дека и јас сум слободен, самостоен, способен да се грижам и за себе, и за домата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Клучниот проблем во врска со легализацијата (која се содржи во тоа што нејзините заговорници ги предвидуваат можните негативни последици, а ги преувеличуваат можните позитивни), претставува тоа што легализацијата на продажба на тешки дроги неминовно би довела до зголемување на потрошувачката, а што најскапо би го платиле најсиромашните и најзагрозените општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Големиот бунтовник денес живее во потполн комфор во еден од најексклузивните и најскапи делови на Беверли Хилс.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Имаше сè што ѝ требаше. Изобилство за јадење. Најскапо за облекување.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Неколкупати ми дојде на врв јазик да му речам дека постојано го мислам мојот редок гостин, кој како подарокот тебе (најскапото) ми те остави; дека заспивам и се будам мислејќи на него.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дијамантскиот отсјај на човековата кожа, чувството дека ти си дијамант, најскап жив примерок во целоста на живата суштина: тоа неописива внатрешна радост измешана со радоста што доаѓа однадвор.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ц трчаше кон најблиската златара и го купи најскапиот прстен што го најде.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Од мајка ми дознав дека тој најскапо ја платил љубовта на нана кон Господ.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)