неброен (прид.)
Само Ристе Куков истури неброени зборови на адресите на жените, ќерките и снаите на чорбаџиите и си киниса уште нерешено прашањето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа ноќ е, сине, коњче што се спрема да замине на пат неброени дни.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Натрупа неброена пара. Купи чифлиг во Преспа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Каква акција, Оче Симеоне?“ уморно праша Мануш; ослушнување не доаѓа ли блондината, тој куп на неброени ковчиња.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пред очите му се провлече мрак, засветкаа неброени ѕвезди, како во најѕвездената јулска ноќ, а потоа исчезна сѐ...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
По напорниот врел ден, по почивката и вкусната вечера, децата заскитаа некаде по ливадите удолу, да ги гонат неброените светулки, што со своето светни- згасни ја разубавуваа вечерта и предизвикуваа илјадници најневозможни желби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа веќе не беше една плашлива капка, тоа беа неброени солзи на снегот, чие паѓање веќе се слеваше во едно оптегнато, слеано шумолење.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Денес постојат неброени играчки што можат да му го исполнат времето на секое дете.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Чудесното во сложениот систем на моментот – богатството на неброени осетливи нишки со кои сме впиени во универзумот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
А со губењето на времето губиме неброени нешта што, за жал, за секогаш се изгубени.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Царот Јуан не се ни помрдна. Го гледаше Големиот Ѕид како исчезнува во оддалечените, замаглени ридови; таа величествена змија од камен што се извива долж целата земја, тој моќен ѕид што од дамнешни времиња ги штити од непријателските орди и им го осигурува мирот за неброени години.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Една ноќ сони отец Ангелариј некаква машина што сама пишува писанија и ги размножува, за час, во неброен број преписи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа се неброени композиции со милиони играчки и разни други подароци со кои Дедо Мраз не може сам да ги справи, се разбира.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Јавнат од тежината на неброените санки, исповрзани со илјадници ледени вовчиња, еднаш дебелиот мраз на Леденото Езеро попушти, попукна.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Необичен празник за неброените играчки кои, распрснати околу самовилите ги слулеа тој чуден понес, тоа никогаш не им се случило, ете, вклучени во ритамот на танцот, го покрија лизгалиштето во недоглед.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Беше назначен во еден поткомитет на некој поткомитет, на некаква поткомисија, која пак беше произлегла од една од оние неброени комисии што се занимаваат со помалите потешкотии околу комплетирањето на Единаесеттото издание на Новоговорниот речник.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веруваа дека знаците од натписот испишан на височина главоломна имаат волшебна сила и дека оној кој ќе ги растолмачи ќе стане сопственик на богатства неброени.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ѝ реков дека џезот веќе е сосема испразнет од фолк-содржините на црната раса, од неговата изворна фолклорна содржина, дека е останата само неговата рамка, неговата универзална музичка форма, која сега треба да се полни со нашиот фолклор; и не само со нашиот, туку и со секој фолклор во светот, оти не е само нашиот фолклор богат, туку има такви уште неброени и незнајни богатства на планетава.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но не знаете дека вратата до тогаш, до доаѓањето на Филозофот веќе беше двапати отворена, и дека преостануваше само уште една шанса, уште едно отклучување на рѓосаната клучалница и дека Писмородецот се плашеше дека не тој, туку Филозофот би можел да биде оној кој ќе стекне слава невидена на светот и богатства неброени од царот и од логотетот, ако го прочита записот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Нели и јас а и Катерина, како и сите ние, ѝ припаѓавме на неброената толпа што ѝ робуваше на познатата навика: да се одложува повлекувањето на потегот што води кон добивката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)