невозможен (прид.)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако образувањето на јужнословенските народности е механичко-политички процес, тогаш истиот не е нешто невозможно и во сегашно време.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ќе речат некои оти културната работа е возможна само кога има политичка слобода; без неа таа е невозможна. – Вистина, во таа забелешка има еден дел вистина, но само еден дел.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Невозможно ситниот, скоро помал од мене лимар, танок и како од ламарина направен, штукаше мелодично а грленото јаболко смешно му скокаше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Единствен човечки влез е од улицата; таа е невозможно тесна и претрупана со деца.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Да купи сѐ одеднаш во една две години, беше невозможно.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Невозможно е, мислеше. Тоа не сум јас.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Невозможно. Погрешно преведувам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Неговиот лик смешно се одрази во студеното огледало и се скина на невозможен начин.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Невозможно, рече, тоа нешто друго не е како што треба, се обиде да се утеши.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И жената, како за нешто судбинско, почна да говори дека е невозможно да се живее повеќе во Скопје без фрижидер.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Каде ќе ги најде сега? Невозможно.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Надвор од градот на квечерината е нерешителна и збунета од искинатиот лет на црвеноглавите жолни со невозможно силен клун; сити се тие птици добротворки на дрвјата и без чувство се за голите козји черупки на литите страшила по нивите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Иако не беше ни малку наивна, ни лекомислена таа се нагрби со едно скоро невозможна работа за тогашното време и прилики, се нагрби да отвори занаетчиско училиште за младите девојки од гратчето и околните села.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
ЛУКОВ: Ми се чини дека ќе биде тешко, ако не и сосем невозможно.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Да, и јас сум невозможен. Таков сум...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сите ние сме несреќни. Сиот овој проколнат свет тука и надвор е криво насаден, невозможен.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А знаеше дека мора сега, веднаш да го исчисти, зашто како што врне, до пладне може толку да го натрупа, што чистењето да стане невозможно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Кога би можел да заспијам“ - си мислеше Бојан, но однапред знаеше дека тоа е невозможно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ги има секакви - ромбоиди, паралопипеди, и уште какви ли не други невозможни форми.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)