недоверлив прид.

недоверлив (прид.)

Избегнував да се сретнам со децата од улицата и се прашував - како Пенчо успеал да ја обере недоверливата старица?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога од далеку допре злослутно гракање, застана и недоверливо погледна околу себе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но неговите заби беа исклештени, излегуваа од своето лежиште, крвареа, беа недоверливи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стојан недоверливо гледа во селанецот, во неговиот мал, подвиткан нос, размислувајќи на каква птица тој личи. Не може да се сети и се лути.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Колку повеќе тоа заприлегува на возрасен, толку повеќе човекот станува детски недоверлив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кавгаџиите се опори и недоверливи. Кој си ти? прашуваат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Влези и речи ѝ: те вика еден поп, Јано.“ „Што ќе ми дадеш ако ја викнам?“ се потргна недоверливо детето од него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Добар ден, поздравува поштарот. Старецот гледа зачудено, недоверливо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа беше некоја чадлива недогледност и болно недоверливата мисла, озлојадена од гласот на офицерот што му одекнуваше тажно во мозокот, се упатуваше таму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сета негова трезвеност, неповерлива и строга, отстапуваше, и како да не стануваше оној Арсо: фанатичен, горд и залутан. По ѓаволите нека оди сега оној Арсо!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Љупка, која одеше во второ одделение и Сашко во прво, се погледнаа весело, иако беа малку недоверливи.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Недоверливо, напорки го погледав. Веднаш ги разбра моите погледи и сега не се стрпи, рече: - Ти си луд, другар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие суштествувале во сите времиња, биле време во времињата што минувале низ нивната несовладивост; миговите не можеле да им ги начнат срцата - пијат и вечни се, не познаваат недоверливост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кое е девојчиштево, што сака? станувале недоверливи. Срцата им биле опфатени од неспокојство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можело и од подалеку да се види дека е погрд од својата вчерашна грдост, онаков - ненаспан и недоверлив, повеќе со намера да предизвикува отколку да заштитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека татко ми му читаше што нашле археолозите за староста на Калето, Чанга недоверливо се смешкаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Полека и недоверливо стануваше одомаќен: острините на неговиот акцент од Бронкс беа измазнети и омекнати до оттегнат изговор, откри дека ‘белата громова’, чиста или мешана со што и да излезеше од тогашниот војнички апарат за пијалоци, е на некој начин исто толку задоволителна како скочот со мраз; сега ги слушаше локалните групи во баровите во соседните гратчиња, толку често како некогаш Лестер Јанг или Гери Малиган во Брдленд.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Можам само да зборувам за нивната постојана воздржаност и недоверливост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Скриени се и недоверливи, но најпосле, кога ќе дојде моментот, и тие, како сите луѓе на светов, ќе го отворат срцето и ќе ја искажат својата благодарност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе