недовршен (прид.)
Од рамните студени ѕидишта гледаа со строга зачуденост недовршени светци.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во голем сандак... врата во која шумеше боја на зрела ’рж... стари пејзажи, литографска идили на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но еден здив беше во тие раце, една придушена детска смеа, една недовршена игра, пресечена од тежок камион.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не можев, Оче Симеоне, смирено ќе застане јадно мал и недовршен. Не можев, тој дојде пред време.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
5. Паѓање, непрекинато паѓање. Околу него се кршат недовршени предмети и патуваат кон бездната на еден непознат свет.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја опипуваа овие погледи неговата снага, слаба и недовршена во растењето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Не сака да загине со недовршена работа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
5 Спиев ли? Најпрвин и првпат тогаш видов дел од јавач на коњ на манастирскиот ѕид, око, рака до лакот со дршка од недовршено копје во грч на жолти прсти и копито врз дамка на нешто што било иконописечки настан, имало историја на грев и пекол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По недовршената врвица по која лете се движеле помеѓу капини и камења нечии овци кон пасишта или поило, се враќал со младо стебло на рамо и со секира в рака стопанот на скршената кола, здрав и мускулест човек, селскиот качар Никифор Ганевски, инаку домазет во Кукулино, со муцка која, колку и да се гледа, не останува во сеќавање ни половина ден.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Си мислев на текстот драмски, дома заоставен, недовршен.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Во тој случај, ендокрините програми и програмите на однесување се актуализираат во пубертетот независно од недовршената психичка сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Гледа Богдан: во сѐ личи на него кога тој беше на таа возраст; исти очи, исти веѓи, нос, насмевка и ретки заби, остри како клунчиња од птица; на лицето му се забележуваат исекотини и лузни од мавање со децата; насмевката му е недовршена, изнасилена; на рамото се гледа дел од раката на мајка му која веројатно го задржува да се слика.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Владејачките групи секогаш беа до извесна мера заразени од либерални идеи и со задоволство ги оставаа работите недовршени, обрнувајќи внимание само на она што нивните поданици го прават, а не и на она што го мислат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Летото помина како убав гривест коњ, истече како безгрижен детски сон, како убава, недовршена жетварска песна.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Килимот беше недовршен, очигледно девојчето штотуку почнало да го изработува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Уште велеше и дека сета човекова недовршеност, останува на границите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Гробот остана недовршен, тоа сега немаше значење.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На хартијата останува недовршена смислата.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ако се загледа човек, видува дека цртите ѝ потсеќаваат толку многу на Мими, но се останати како први недоволно прецизно изведени потези, недовршени до оној степен кога се јавува убавината.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)