незаинтересиран прид.

незаинтересиран (прид.)

Вешто ги изопачуваше имињата додека прозиваше сериозно и незаинтересирано: - Нека стане...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Миладин остана незаинтересиран, но пак послуша.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се разбира пред него се направив незаинтересирана за тоа што донесе тој, и каде го остави, но едвај дочекав по попладневниот одмор да излезе да купува продукти за утре за ручек.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со сета предност и сиот баласт на своите млади и непрегорени години, Живко Чинго се вредува во нашата книжевност како еден од ретките (и: дали - последните?) писатели идеалисти, ако тој збор пред сѐ, го сфатиме како антитеза на инертната, бескрвна, апатична незаинтересирана и апстрактна симболика на рамнодушните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И натаму навидум незаинтересиран ме лизнува по раната и крвта престанува да тече.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Шетавме, божем незаинтересирани и чекавме продавачката да се сврти, да услужи некоја купувачка од страната на тезгата со панделки и разни конци и во тој миг да мавнеме по некое копче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да ја напушти играта или, како божем, незаинтересирано, да измени некое од правилата?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И мрзливоста, незаинтересираноста, се всушност само тивко издигнување, во срцата, на овој енигматски удел којшто го уништува секој проект и дава наредба на секоја работа да ѝ се остави шанса за неуспех. (стр. 270)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зелениот дијамант е пасивен во однос на сите цивилизациски збиднувања, тој е потполно незаинтересиран за човечките потфати сѐ до оној момент додека тој самиот не стане центар на интересирање на човековата алчност по моќ.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не поретко тој нѐ импресионира со својата техничка виртуозност и го привлекува нашето интересирање со своите иновативни експерименти што ја возбудуваат публиката, навредувајќи нѐ со својата безгрижна незаинтересираност за светоста на уметноста и за митската фигура на уметникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мудрецот е незаинтересиран за драмските аспекти на светот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Девојката играше незаинтересираност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Проловите, обично незаинтересирани за војната, беа обземени од еден од оние нивни периодични напади на патриотизам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги нарекуваа „политички“, со некаков незаинтересиран презир.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во средниот ред, најназад - Бургошки Бранислав, незаинтересиран за предметите, туку за некакви романи што ги чита скришум и на час.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„И Филип ќе оди, да знаеш - супер ќе си поминеме“ „Во оние борови шуми на Малешевските Планини, па и крај вештачкото Беровско Езеро секако е пријатно и летно време“, се обидуваше Влатко да разговара со Теми, која божем незаинтересирана го слушаше разговорот и како да бара нешто меѓу учебниците и тетратките.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И покрај нивниот денешен поголем низок животен стандард народот изгледа незаинтересиран за подобрување на состојбата, особено што се однесува до животниот стандард кој навистина е малку полош отколку пред војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„Она момче што отиде со него како совозач...“ мрзоволно и незаинтересирано рече Кинезот Као.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Независно од тоа што ќе ти се види незаинтересиран.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како божем јас бев единствениот кој заради своето однесување на привидната незаинтересираност или поади друга причина ѝ остава на размислата слобода таа него да го надополнува и да го дообјаснува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе