незнаење ср.

незнаење (ср.)

Така и преблажениот отец и учител на нашиот народ повеќе од сонце со тројни лачи сјаеше и просвети безброен народ којшто лежеше во мракот на незнанието.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
- Ќе го продавам детето, вели татко, не знае да делка, вели, и не го сакам за роднина, - Не карај го детето, велат луѓето, туку неговото незнаење карај го, му велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Може, уверен во својата праведност, хранел надеж дека ќе го смилостиви бога да го земе во заштита неговото семејство, може оти верувал дека ќе окае некој грев, во незнаење сторен, па тогашните жители на Потковицата две недели пред злосторот и цела година потоа, и по бел ден и среде ноќ, ги слушаа неговите лелеци, неговите клетви и молитви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прикаската ви ја раскажав за да знаете уште од сефте дека тука ние на прво место ќе се бориме со незнањето ваше, а на второ со неумеењето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Едната е незнаењето, да речеме ако Итар Пејо не знаел да брои.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
За нив, со поимот култура веќе не треба да се потиснуваат предрасудите и незнаењето туку, во нејзината несведлива особеност, треба да се изрази единствената душа на народот чии што чувари се тие.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој пресврт го означи текстот Зошто социолози?: ќор-сокакот на знаењето, вртоглавицата на незнаењето (то ест, во ист момент, апсурдност и невозможност да се акумулира некоја вредност во рамките на знаењето), се движи како некое апсолутно оружје против самата власт, за да ја урне сообразно на идентичното вртоглаво сценарио на отстапување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вчера наполнив триесет години незнаење.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Она што би било нејзин еквивалент по симболичката жестина (што значи од онаа страна на политичкото) би била истата операција која направи незнаењето, распаѓањето на знаењето да го изврши ударот против властите - повторно да ја пронајде таа чудесна енергија, но на сосем друг ниво, на повисока спирала: да постигне невласта, распаѓањето на власта да удри против - поправо, против што?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Самата девалвација на зборот „говор“, она што ја издава малодушноста на речникот, искушението на ефтиното заведување, пасивното препуштање на модата, свеста за авангардата, т.е. незнаењето, сето тоа претставува сведоштво.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека Годаровата и новобранова субверзија произлегува од познавањето на традицијата врз која се базира и од која израснува тенденцијата кон интелектуализирањето, Ворхол се однесува како да го открил филмот: неговата субверзија произлегува од незнаењето, односно од тежнението кон упропастување и деинтелектуализирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Необразованоста и незнаењето ја задржааа овдешната нејака свест во состојба на шовинизам и расизам во поблага, посилна, скриена или недвосмислена варијанта.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ова чудно поврзување на спротивности - знаење со незнаење, цинизам со фанатизам - е една од главните одлики на Океанското општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долгорочно гледано, хиерархиското општество беше можно само врз база на сиромаштијата и незнаењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од местото каде што стоеше Винстон можеа да се прочитаат, истакнати врз белата фасада, и испишани со елегантни букви, трите слогани на Партијата: ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тоа незнаење што да прави со себеси, му падна напамет да се искачи на Водно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А можеби несреќникот само замижал пред незнаењето како што слепецот е спремен да ја прогласи за ден и опачината на денот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа тие не го знаеја. А нивното незнаење нејзе ѝ беше најмала грижа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе