неискусен (прид.)
Беше, се разбира, тоа страв; беше тоа еден вроден страв од граматиката на љубовта, резултат на незрелост и неискуство; оти јас очекував нешто сосема друго.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Меѓутоа, за младиот и неискусен маж, тие технички движења на љубовта дејствуваат застрашувачки и се еден вид инхибиција; и така, се случи – она што сите го бараат кај една жена, мене да ме одбие од неа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Премлада беше, и неискусна, за да ги знае мрачните страни на љубовта кои безмилосно го согоруваат срцето на вљубениот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бевме млади, неискусни и заведени. Бевме и големи мечтатели.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Знам само дека бев жртва на мигот и на својата наивна неискусна младост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кутриот мој брат неискусен во јавање на коњ, го удрил коњот по слабините и тој се в дал во лет, го исфрлил брат ми од самарот, на прашливот пат, врз камењата, во темната ноќ...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Зборот аџамија значи неискусен, неопитен, невешт, почетник.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)