нели (чест.)

Сал мојата куќа ќе била чествувана, нели?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Нели Раткин глас ми дочу таа ми ти пуста гора, од жал, леле, лисја рони и на Ратка кротко збори: „Дејди, Радо, пиле младо, што ал, Радо, ми те најде, та сред тоа ноќно време тага виеш, с’лзи лееш?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
- Кај си ти? Нели отиде со татка ти? - Не отидов. Улав е. Се опијани и ме избрка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нејсе, нели кинисала, каква да е — таква ќе ја водат в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но вие малку знаете и за тоа што е старовремски арамија. Нели?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја сврте сликата кон светилката и темно праша: „Нели ѝ е името Марија?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нели ви се допаѓа светата водица на моето чело.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Која си ти? ја прашуваат и веќе ги сукаат мустаќите. Јас сум Наполинка! Смешно име, нели?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А, вистина, на жена ти Златанка што ѝ рече утринава, кога ја остави топлата постела? Дека ќе одиш на зајаци, нели? Гласот долго му беше потсмешлив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ФЕЗЛИЕВ: Зошто? Нели сум и јас член на организацијава? Нејзин доверлив член?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Токму, токму поради таа работа, јас ќе треба, јас ќе треба... и овој пат... да заминам на пат да останам таму десетина дена или... или помалку, нели господин Луков?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Немојте, Ви се молам, та јас пред Вашиот ценет сопруг зедов обврска да се грижам за сѐ за вас, нели?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нели е свинштина да останеме по атентатот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Само затоа што се обидувам да ти помогнам да го раскинеш превезот на бладањата. Само затоа, нели?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Па нели си ти храбар, Зоки? - Јас сум храбар, чичко, но моите прстиња се добри. Не сакам да ми ги накажувате.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Знам, ова се цреши, нели? – рече Зоки, а првпат виде како растат цреши.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па тогаш... нели, Зоки Поки е дете? Точно. Без грешка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Со палецот и кажипрстот пројде преку очите и почна: - Значи, сите сте тука, нели? Молк.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Многу убаво ќе ми стои, нели? - Многу убаво!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Камо ново? - Какво? - Шарено! Нели имаш куќа на крај село ... Имаш!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе