немај-каде (прил.)
Најтешко му беше, што не беше само гледач. Туку што и самиот од немајкаде кон тоа придонесуваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Насилијата, зулумите што ги правеа авалеџиите при собирањето на давачките, го раздразнија Толета до немајкаде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Воздухот се згуснува и врие од немајкаде клопчето од инсекти над ружите што лета здивува заканувајќи се.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сѐ е сосила покажано. Од немајкаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А тој, во Битола, беше останат од немајкаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие веќе воопшто не можеа да мислат, да гледаат, беа изгубени до немајкаде, заслепени.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Преминавме во друг, поубав ресторан - исто така; во трет - исто така: се натрескавме до немајкаде.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Не беше веќе стариот лаопланос, сѐ што ќе кажеше сега беше некако изнудено, од немајкаде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така ни порача, и ние од немајкаде, си го ставивме прстот на главата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
А на дедо Геро беше лут до немајкаде.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И во музеј бев од немај-каде.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Вели, труба дувал од немајкаде, а труба му е основен инструмент во музичкото училиште.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но, можеби само се преправа од немајкаде?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
3. Баге од немајкаде стана новинар. Во последниот клас од гимназијата и во последната година од окупацијата, не падна на матура ами падна во затвор
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Наивно, нели? Наивно, до немајкаде.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сурово природни
затекнати во немајкаде
онемени, од вџашеност побелени
можеби од премногу
живот и дарба
можеби од премногу набожност, паганска
или премногу смрт, нагла, неправедна
само се наѕираат - маргина до маргина
диск до диск за вчитување на изгубеното
аз, буки, веди, глаголи, добро ест живете...
алфа, бета, гама, делта...
алеф, бет, гимал, далет...
сличности на претек
претци
а, наоколу
по којзнае кој пат преродена
исчезнатата флора
риган, рик, реа
ни смртта не е вечна,
ни смртта!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во немајкаде косите си ги корнеа, пиштеа до небеси...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
На дланки ја пишувале Во неволја ја допишувале Од немајкаде ја препишувале Без зборови ја умножувале Во снег ја вжештувале Редовно ја потстрижувале Во кисели овошки ја унижувале Крај влажна кожа ја доживувале Во остатоци на смев ја сожалувале (Била струја Била и темница) Сега е литература Под сигнатура 49 И
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Убаво изгледаше масата со писатели распеани до немајкаде.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)