неоткриен (прид.)
Крај нив минуваа голи модри карпи, тој во нив наоѓаше досега неоткриени облици.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Дури отпосле, од твојот разговор со Методи, ја разбрав вашата намера: вам ви треба човек што ќе го изврши убиството и ќе ви овозможи вие да останете неоткриени - човек што ќе умре, по извршениот атентат, од вашата рака и што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе посакате!
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Проведен сум, значи воздух сум, Ветре небесно, ветре невидливо, Тело без тело, движење непредвидливо Нешто летливо, диво, недопирливо, Може сум облак проѕирен, недопирен, Може секавица со него покриена, Може светлина уште неоткриена?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
На овој пат низ неоткриени географски места, стварноста ја доживував поинаку отколку таму, во Пупипафија, Во таа моја улица и моја татковина.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со цел спречување на активноста на партиските кадри бугарскиот окупатор ги ангажира покрај војската и полицијата и целокупниот административно просветен и друг апарат до тој степен што било многу тешко да се превземе било каква аткивност, а таа да остане неоткриена од власта.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Или на оживеана фигура од некоја сѐ уште неоткриена фонтана сочинета од цел хор маѓепсани девојки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мајкината љубов никогаш не старееше, таа постојано се обновуваше, од за нас непознати и неоткриени извори.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Неоткриениот збор
името на она пред „смртта“
е прекрасен немир кој ќе нè врати
во Стоби
или на друго место
во историјата
и наследството
на Земјата;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Движечката сила е жива, не мирува, наклонета е на придвижување кон неоткриеното, неосознаеното за неа, кон нови активности.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како лулка, како сигурносно легло за ветрот, кој тука се одмара, тајна заштитничка лулка, неоткриена тајна од човековите очи.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Рипли – познат колумнист од втортата страна на „Политикин забавник“ и создавач на сѐ уште неоткриената превара „Веровали или не“.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Богат е со минерали, метали, неметали, разни видови извори на вода, лековити билки, пештери со живи гасови, можеби и неоткриени руди, видови јаглен и многу други неосознаени состојки кои се негова содржина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Огледало на природата, магијата на светоста божја... Ко дијамант од живо сребро на патот до сите искушенија ќе го открие лавиринтот на непреодноста на сите неоткриени нитки, но забележани од времето, од сончевиот отсјај, од очите на уметникот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Камилски тоа обично го чинеше кога ќе почувствуваше задоволство од разгледуваниот збор, небаре ги откриваше неговите никогаш неоткриени тајни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)