неотуѓив (прид.)
За сето време додека чекореше меѓу дрвјата тој веќе ниеднаш го немаше во себе она подмолно, проклето и застојано чувство од сите поминати денови за себе си сосема сам; постојано беше со оној напред; тоа сигурно и неотуѓиво му го носеше сето тоа време оваа крвава трага, што се протегнуваше меѓу нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Домаќинствата си имаа свои со ништо необележани но откако помнеа неотуѓиви кримилишта, кои, пак, во лето, во време на богоројчини пости, имаа друга намена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кога во глобалистичката агенда не е предвидено Формирање на невладини организации Кои сесрдно ќе се борат за неотуѓивите права на кривите краставици И од нив да се прави салата на европските трпези Како што на пример на почетокот на дваесет и првиот век Имаше портокалови и други невладини организации Кои со каранфили и рози им го поплочуваа патот
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)