неписмен прид.

неписмен (прид.)

Често пати неписмени или туку што описменети селани - се народните певци.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Од друга страна пак, бидејќи овој дедо Стале беше неписмен и не можеше да стане поп, тој имаше многу мерак барем некој од неговите блиски да се изучи и да биде поп во некое од блиските села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вакви беа времињата - тој неписмен остана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За другото не знам, јас сум неписмен, неук.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Читај ја етикетата, таа ќе ти каже - гласел одговорот. - Неписмен сум! - Тогаш не купувај!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
– Ја свршивме некако работава! – рече најпосле задоволно шефот откако пивна последен пат од ракијата, па на заминување дофрли: – Ќе одеше побрзо, да немавме толку неписмени во нашите редови...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Што можело да ги зближи толку многу овие двајца, пред сѐ непартијци, придојдени во градот, едниот со универзитетско образование, а другиот неписмен козар?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше неписмен, но умен и храбар човек.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Доколку машината беше свесно употребувана за таа цел, гладот, аргатувањето, нечистотијата, неписменоста и болестите можеа Да бидат отстранети за само неколку генерации.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон извади и му поддаде две стуткани и нечисти банкноти, што Парсонс ги запиша во еден мал бележник, со уреден ракопис на неписмен човек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оваа демократија е само една контрареволуција на селото врз градот, на неписмениот врз писмениот, на лошиот занаетчија врз добриот. Ете тоа се случи, и ништо повеќе, господа. Шифра: Соломон 909
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сум бил од бившиот режим зашто не бев неписмен какви што беа тие нивните...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ристана жена моја Родена 20 октомври 1902 во Брезница неписмена умрена на 3 јануари 1943 година преживеала 40 години 2 месеци и 23 дена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Луѓето се или неписмени или книжевници, Или двете.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ЈАКОВ: Писмена неписменаст. Најтежок вид неписменост.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ЕВТО: Јас сум неписмен затоа што сакав да останам неписмен. СУЛТАНА: И успеа.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Гласот на неписмениот планинар од село Гајре и Шипковица е еднаков со мојот глас.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Неписмени курајбери се напикаа по канцеларии и цицаат од државна цицка, а ние останавме со прстот у уста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беше самопрегорен работник, исполнителна, одговорна... и, што е особено важно, морално и политички подобна, а... неписмена!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе