непоколеблив прид.

непоколеблив (прид.)

Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тука веќе не помагаа неговите челични мускули, неговата непоколеблива волја и честопати пројавуваниот инает.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Малиот го зема својот колец и со решителен и непоколеблив чекор се упатува кон ТВ Лицето.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Монструмчето еднакво непоколебливо. Овој тип на лудичка константа го објаснува, ако веќе не го оправдува, најголемиот дел од она што го напишав или проживеав.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Татко остануваше непоколеблив поборник на тезата дека некаде се кријат запишаните вистини, крај толку паметници на отоманското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Видел-невидел, газда Трајко попуштил пред непоколебливиот Прокопија, кој цврсто решил да стане свој човек.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А јас ви реков: „Вистина е, се гордееме со вас пред сите Божји цркви, кажувајќи неуморно за вашата непоколебливост и за опстојувањето на вашата вера низ сите прогони и маки низ кои минувате.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа секогаш располагаше со доволно енергија но и со непоколеблива безочна упорност за да почувствува потреба да ја прикрие својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одново го воодушевува глетката на непрегледното море и уште еднаш ја потврдува неговата непоколеблива вера во Бога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Огромната површина го потсетува на бескрајот што се простира не само, сега, под него, туку и во длабочините на небото и потаму, на бескрајот на космичкиот свод со кој, непоколебливо верува бен Цви, владее онаа семоќна сила што тој ја замислува како Создател.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мојата одбрана на задолжениот офицер му се виде сомнителна и јасно ме предупреди да не ја потценувам моќта на нашата силна и непоколеблива армија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И, што ќе се случеше доколку можев да ја остварам злосторничката намера која не вклучуваше милосрдие, но за која постоеше неколеблива причина?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Непоколеблива среќа знам дека ме сакаш но сето тоа лебди во воздухот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Непоколебливо намирисани со бел прав, млади и наконтени се познаваше: деца од фамилија, разгалени и дигноглави, мислат дека светот е во нивните раце, дека можат сѐ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И каде ли сега отиде таа беспрекорна и безусловна, непоколеблива, слепа, тврда. огромна и нескршлива верба?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)