неполн (прид.)
На тие митинзи не беше претставен сиот македонскословенски народ со неговата интелигенција, затоа резолуциите беа и неполни и еднострани.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Стариот материјализам со својот чисто емпирички метод никојпат не можеше да го види нивното единство, нивниот премин една во друга, па затоа неговото познавање на објективниот свет и на општеството беше ограничено, неполно, мртво.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
И за неполн час се направи карма од петстотини товари дрва.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
ЛУКОВ: Ах, да. Се разбира. За неполн час ќе дојде пајтонот по тебе, а со него и твојот револвер.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Арсо е сам во тесна теснина, светилката е угасната, но тој ја гледа јасно карпата таму на неполни триесет сантиметри.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
За неполн час успеаја да го симнат болниот старец низ Гола Глава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За неполн саат удри и второто клепало.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За тие четири стотини штици, колку излегуваа од педесет трупа, чорбаџијата плаќаше седум бели череци или 35 гроша — на трупарите по еден черек, два на мајсторот дневно, та така него го фаќаше неполни десет пари штицата, а ја продаваше тука, на бичкија, по грош и шеесет пари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Моќниот лифт, кој одеднаш собира по 60 луѓе, за неполн минут ве искачува до највисоката топка на Атомиумот, а таа се извишува на 115 метри.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Наскоро почна општа ревизија во поглед на карактеристиките, едни се прогласуваа за застарени, неполни, се пишуваа нови.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Макар што минав неполни три дена и три неспани ноќи, во ова кусо патување ми се случуваа настани колку половина век, време што ни беше украдено...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ова Мајкино патување во Италија се збидна во пролетта 1939 година, неполн месец пред да биде окупирана родната Албанија, од дивизиите на фашизмот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пред неполни триесет години, во 1978 година, со него се најдов, како и со другите на вишинката на манастирот Свети Наум, да му ја покажам мојата варијанта на балканскиот егзил, да му говорам за подводната граница во Езерото, вардена од змејот, за нашето вечно патување преку границата, за варијантите на медитеранскиот апсурд.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На сметка на овие недостатоци, сепак балконот нудеше и повеќе од една бенефиција: Како прво: бев сосема уверена дека, ако се одлучам од горе да прочитам некоја песна, ниеден професор по филозофија нема да ме уверува дека сум Сергеј Есенин а тој Исидора, во обид да ме запроси за неполна минута, во малечко гратче, на единствен натпревар за млади поети, со државни спонзорства кои по рекламата необично исчезнуваа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Денеска е последниот ден од мојот досегашен живот. Денеска имам неполни дваесет и една година.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
За неполн месец успеа да ги пронајде „двете златни зрнца“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ѝ се пристори дека го слушна гласот на политкомесарот кој скоро пред неполни четири месеци, таму на ливадите на Арена им велеше: - Ако не убиеш, тогаш тебе ќе те убијат!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кај сега неважечкиот ЗРО од 1993 година, во чл. 23, сезонските работи можеа да траат најдолго девет месеци во текот на една година, што во споредба со актуелното законско решение значи намалување на временскиот период; е) до промени дојде и кај договорот за вработување со скратено време (и кај повеќе работодавачи) со што нејасниот и конфузен назив на овие договори беше променет со новиот трудово - правен институт договор за вработување со неполно работно време.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)