непорочен (прид.)
Ама не очајувајте, ако непорочно го носите бога вели попот, ако го славите Исуса, ако го спомнувате во сѐ што правите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И сѐ така: црно клопче муви грозни, што бараат рана и гној, и крв да се напијат, а рана не наоѓаат на непорочната душа на Филозофот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)