неправеден (прид.)
Ако не се задоволат барањата на романската влада, ќе се постапи неправилно и неправедно; ако пак се задоволи барањето на романската влада, против желбата на парохијаните, ќе се направи насилство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ја обвинувам, реков тогаш во себе. Неправедно ја обвинувам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И сѐ додека раката може да ја држи мистријата и окото да мери со пљумчето и додека животот се реди од сурови, неправедни и алчни луѓе - мајсторите нема лесно никого да пуштат да застане до нив на скелето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Неправедно и претерано строго е да се каже тоа за Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Налик на непристрасен наратор, застанувајќи над и надвор од раскажуваниот настан, тој всушност, за време на сета сторија, сугерира дека е внатре, дека е вознемирениот глас на една неправедна војна, на една апсурдна и трагична војна...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сигурно бев неправедна во тој момент, но душата ми ја исполни горчина.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На тебе улам, неправедна божице, што се оддалечи со мојот залез на твоите усни за да намножиш поколенија.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И не го сакам веќе. Тој е неправеден, - липав навредено.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Колку е животот неправеден, - ја оплакував својата зла судбина.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Казнувањето на наркоманите претставува лоша политика поради најмалку пет причини: Казните за уживање дрога неправедно ја ограничуваат слободата на полнолетните лица да користат супстанци кои не се ништо поопасни од некои други кои легално можат да се набават и ги затвораат луѓето поради постапки кои, за разлика од поголемиот дел на кривични дела, не нанесуваат директна штета на другите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Неправедно наметнатите санкции веќе ги загрозуваат виталните српски интереси и тоа од празните аптеки до полните болници.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
-, дури и кога ќе почне физичкото злоставување, дури и тогаш ќе постои она што се нарекува сингуларитет и отпор, сеедно каде е манипулациското тежиште и сеедно колку дуелот во суштина е нерамноправен, и во двата смисла; повторувам, сметајте го ова како еден залажувачки нацрт- итинерер, како мешаница од траги, како еден пародичен хумор, како, најпосле, симулација на борба, бидејќи тие веќе почнуваат да млатат (синхроно, бидејќи индивидуализмот, пак, за нив, е најстрашното нешто и затоа повеќе ја преферираат снајперската безобличност и тој тип на потпис, егзекутирање од дистанца, речиси без џелат, сѐ во какофонија, метеж и хаос од удари), најдобар пример е проширувањето на кампањата против Сорос кој, сакал- не сакал, можеби неправедно и пренадуено но ете, тоа му го сторија наци-социјалистите од сите бои, од Будимпешта преку Загреб и Београд па сега и во Скопје - стана симбол на просветеност и цивилизираност, едно светленце надеж среде овие страшни ветрометини каде цели класи и нации исчезнуваат преку ноќ, среде целава оваа безнадежност. 6 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Хичкок: „Тоа е така затоа што темата за неправедно обвинет човек кај гледачите создава чувство на опасност, бидејќи тие полесно се замислуваат себеси во положбата на овој човек, отколку во положбата на виновник што бега. Публиката секогаш ја имам на ум“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ние сме повикани пред историјата да исправиме една голема неправда што му е сторена на нашиот маршал Сталин: зошто, како што ви е бездруго познато, сите, од до вчера братските комунистички партии, неправедно му свртија грб на Сталин и на неговото дело.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Вие сте неправеден и кон Ленин, кон неговата оригинална и длабока анализа на капитализмот и буржоаските идеи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Ете, гледаш? Истото е и со нив. Не биди неправедна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И ми стана жал за мене, а почувствував голема лутина спрема мајка ми, таа неправедна и неблагодарна жена.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
По сѐ што слушнав оттаму и според сѐ што искусив низ годините и што насетував за иднината, кај мене, можеби неправедно и пребрзано, се создаде расположение да верувам дека луѓето меѓу себе, и секој со секого, е во недоразбирање и дека заради тоа, на овој или на оној начин, на крајот, секој секогаш е во загуба.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Оваа противречност па дури и неправедна осуда на еден цел живот морам да признаам дека ја окарактеризирав како црн знак што ја краси судбината на несреќните.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)