неприроден прид.

неприроден (прид.)

Други велеа дека друга била причината: неиздржливо било вршењето на брачните работи со него бидејќи имал орган неприроден, животински.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Животот им станал неприродна состојба и мразат сѐ што не познаваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го гледам тоа по неприродниот начин на кој го поткрева газот на душемето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Покрај оделото и темната вратоврска, старчето има добродушен лик на престарен вујко и сосема семејно ми ги подава кадифените албуми, што и самите би се чинеле домашни, да не се позлатените букви и везот по рабовите, со кои добиваат нешто неприродно, наместено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За да ги оттргне од себе наши­те приковани погледи и за да ја смали напнатоста, со неприродна благост, прв ни се обрати: – Што сте се уплашиле толку, деца?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Шумолат блиските лисје. Тишината е неприродно ранета во ноќта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бодлер, којшто очигледно повеќе пати го доживеал тоа искуство, го опишал во Поемата за хашиш на следнов начин: „понекогаш се случува личноста да исчезне и објективноста во вас да се развие така неприродно што посматрајќи ги предметите од надворешниот свет, заборавате дека и самите постоите и наскоро се стопувате во нив.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Критичарката посебно го спомена „неприродниот мир на ‘Водениот виор кај островот Фенвик’, морето без пена и безгрижните капачи весело несвесни за надоаѓањето на вртложниот облак, или рамнодушни кон него”; исто така, „вознемирувачки крвавите преливи на ‘Баричката роса’„.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
-Во својата импотенција тие во своите мас-медиуми ги слават убиството, насилството и неприродниот секс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да не реагирав на неприродните и неиздржливи сталинистички изливи на програмираниот директор на домашниот театар, јас сигурно ќе реагирав подоцна на ова патување во знакот од прославата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Родителите имаа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа низ верски дејства, повеќе во нив беше насобрана некаква нужност за верување во единствената семоќна сила, по толкуте неприродни умирања во семејството, ненадејни и неизвесни преселби, постојано страдање, нови напори за прилагодување во туѓата средина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знаев дека таа нејзина сигурност е неприродна; претпоставував, дури, дека зад неа се крие и сосема ронливо човечко суштество, слабо и искомплексирано.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И на ова неприродно, идеолошко братство му дојде крајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше нешто неприродно - разлика во времето, грешка во сонот во жената двојство ти во едната рака држеше стрип или викенд роман, со другата ја тешеше, искуството не ти помагаше да го прикриеш „туѓиот говор“, книшкиот изговор мораш, значи пред тебе животот се отвора како покладен портокал дива циклама, праизведба мораш, значи немаш објективна причина туку мотив, емотивна мечта некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8 некоја друга Семирамида или прислужничката ах, мамката на анонимните жени отровот на тривијалните судбини барем да исчезневте сосема да не морам да го слушам, да не морам да го повторувам „гласот на ткајачката“ крикот на кросното, јавката на откинатиот јазик, нејзиниот, мојот нејзиниот мојот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ни чуварите, ни дворјанките нити сите кралеви не, магите само ѕвездочатци ја знаеле тајната за нивната неприродна кроткост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сепак, време е да се стави крај на таа неприродна ситуација, особено што принудните работници почнаа да попуштаат, некои нормално и да умираат, сходно со тоа работниот ефект драстично да опаѓа...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во таа средина зборот „педер“ се третира како навреда, зборот „лезбејка“ како медицинска дијагноза, а секој обид за дебата завршува со тезата дека хомосексуалната љубов е неприродна.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Затоа сева случка силно го изненади, му се виде чудна по својата неприродност и несогласност со најпростата човечка логика.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Графит на главната пошта во Сараево, 1992 Во литературата за границите често се прави дистинкција меѓу „природни“ и „неприродни“ граници, поврзани со географските конфигурации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Невиноста беше идеал заради мажот: оние девојки кои остануваа немажени, стануваа предмет на потсмев, а невиноста, идеалот на векот, се претвораше во срамен остаток, како да е некаков неприроден израсток, затоа што немаше кому да биде принесена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе