непријатен прид.

непријатен (прид.)

Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени, особено тој дел од нив што им причини најголеми непријатности и се наоѓаше во турско време под нивната заштита, тие го презираа и го наречуваа со презреното за нив име „Бугари”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние, значи, просто си ги затвораме очите пред непријатната за нас реалност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тие пијани ноќи тоа навредуваше; тогаш излегов од себе како полжав и бев исто толку непријатен од самосожалување и од замрачена свест.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа богословот го покри парчето небо со своите раменици и во собата легна непријатен мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потсетуваше на неприготвен ученик. Се нишаше и со несигурен глас говореше брзајќи да ја скрати непријатната ситуација.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За секого везирот докладуваше: – Граф Никола Црепковиќ, пратеник на KB кралица Изабела од Ердељ – го претстави везирот Изабелиниот пратеник кој му донесе непријатен глас дека нејзиниот намесник фратар Георги се спогодува со крал Фердинанд да се отцепи Ердељ од султановата држава и да се присоедини кон Фердинандовата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што значи ова, ви се молам?... Непријатна работа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Примашот пцуе, а гостите прават непријатни гримаси, нервозно одмавнуваат со раката, како да тераат некаква досадна мува што им брмчи во ушите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отец Симеон зеде цигара од масата и ја запали. Чадот беше сладникав, непознат и непријатен. Од него остануваа на јазикот ситни грутчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Почувствував мала непријатност, нешто се скрши во мене, убавото настроение исчезна. Зошто?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Измореноста се пробиваше низ неговата кожа и пушташе непријатни мириси од време на време и секогаш кога му се чинеше дека ја гледа како се лизга оддалеку, танка, нечујна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како да брзаше да поправи некоја непријатна грешка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој непријатен глас почесто го напаѓаше Алија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Патрокле сеќава непријатност. Но се чини каушот е премногу издолжен и тој сам седи во далечина. И луѓето се мали и оттуѓени.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, би се капеле цел ден, А многу деца не знаат да пливаат... Е, тука би можеле да настапат непријатности. Гледаш ли?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Навистина, има многу непријатни работи, но овде е сепак прекрасно. Треба само да се ужива во сѐ.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Беше студено, Бојан чувствуваше дека веќе треба да се прибере внатре, но мислата да се затвори толку рано му беше непријатна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се превртуваше Бојан на леглото, сакаше да се одмори, сакаше да ги изгони непријатните мисли, зашто тие значат само неспокој, болка во душата, но не можеше да се одбрани од нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А кога мораше, просто си ја затињаше устата со раката и ја вртеше главата настрана, па и така чувствуваше непријатна миризма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А најмногу се тешеше Толе дека навистина без никакви потреси и непријатности ќе ја помине оваа лоша зима, од која есеноска баеги се уплаши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе