несвесно (прил.)
Сетив болка во зглобот на стапалката и несвесно извикав.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нас сите нѐ тепаат, а ние, овој не го осудувај на смрт, несвесно поткажал, оној пушти го, има деца.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Несвесно го истегнува фустанот, запира за миг да игра со убавите нозе.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Арса го зафати некое чудно треперење што го тераше несвесно да се тиска кон оџакот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само очите му се тркалаат несвесно. Ножовите натискаат на градите, стомакот, слабините.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Всушност тоа секогаш беше само едно од тие дрвја, кое ќе стореше само едно движење, едно такво движење како кога се сонува тежок долг и морничав сон, и секогаш тоа беше само една ветка, што се исправаше нагоре како празна дланка во несвесно замавнување што оттурнува нешто од пред своето лице, додека под неа се ронеше истресениот окит.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Весна несвесно ми ја фаќа раката.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Пријателот се доверувал нешто во врска со жена си додека некој зад нив, несвесно, тропал со лиска клучеви внимателно вслушан во својот соговорник на соседната маса.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Французите ништо од тоа не сфатија. Побрзуваа и тие по нив несвесно, иако отстојанието помеѓу двете двојки се зголемуваше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Несвесно за својата спекулативна моќ низ времето, тоа го размножува првичниот визуелен, колористичен или звучен архетип во безброј нови заменки но никогаш тоа битие во животот, по силана сè, нема да успее да се ослободи од маѓепсното дејство на неговиот прв оган, прво оро, на неговиот прв збор.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Некогаш дури и несвесно, за да прикриеме некое свое малечко лошо дело, за да скриеме што не сакаме други да знаат, да се направиме важни и слично.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Потоа, во исчекување да му биде предадено одликувањето, несвесно ја поттури главата нанапред, спрема Мурада, а кога и тоа го направи, односно откако Мурад му го обеси одликувањето, ја исправи главата и изговори: Алах да му ја умножи славата и удопствата на Прагот на среќата и лично вам, наш високославен султану.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Имало случаи такви како тебе да си ги задават жените... несвесно... во сонот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Несвесно се приближија еден кон друг.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Некои дури несвесно ги поднаведнуваат главите, ги закриваат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа некој друг продолжил несвесно да се движи во пренапнатиот Онисифор Проказник, се исправил во него со извлечен јатаган од крваво месо и пошол со искривено лице да сече и да реве со зборови на одамна умрените први доселеници или староседелци на тоа парче земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
3 И не мислејќи дека така ќе се случи, несвесно станувале војувачи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во рацете држам цветче на кое несвесно му ги кинам ситните лисја.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Чита некоја книга чијшто наслов Милчо не може да го види затоа што ја држи книгата свиткана во една рака за да може сладоледот да го држи во другата рака, и сè така лижнува: подиставајќи го јазикот и вовлекувајќи го во устата; задлабена во книгата, сè тоа несвесно ги чини; ако ѝ капне сладоледот на раката, таа и раката ја лизнува; ако ѝ капне на голите колена, таа и нив ги лизнува не оставајќи капката да ѝ се разлие.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)