несигурен прид.

несигурен (прид.)

ТЕОДОС: А, нозеве ми се здрвија како да не се мои. (Сака да стане, а несигурно стои.) Не држат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Се фатила баба на оро, ќе игра. (Несигурно игра и подоцна Петрија му дава да го води, орото.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој ми префрли рака преку рамо и со несигурен чекор појде по улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зачекори полека кон неа, несигурно, без нужен такт на ловец пред чии очи е смртта паѓа на коленици.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Куќите се сѐ исти, излупени, несигурни, улицата нема крај.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така згрчен, ги ослушнуваше шумовите и итро, со ледениот сјај на тркалезното око, го следеше несигурното движење на непознатиот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Одеше несигурно. Под она скаменето стебло, исправено како стражар над рекичката, го стаса детето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Бегај. И чекај ме на улица.“ Полека, несигурно потпирајќи се од маса на маса, се заниша кон неочекувано сосем далечната и недостижна врата. *
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас не можев да ја слушам цел живот твојата несигурна виолина. нејзините звуци се лепеа за кожата, притискаа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се сети на блесокот во очите на Ивана и стана несигурна во својата увереност дека Отец Симеон ќе може да му нанесе некое зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе може и без мене тоа да мине.“ Мирон несигурно стоеше и крвареше однатре заради недалечната навреда во паркот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ѝ пријде со непознати чекори, тромаво, несигурно и го осети под своите дланки трепетот на сувите, подвиткани раменици. „Сеедно, Марија. Сега бегај. И за помалку од ова стрелаат.“ И сега со лути пцости во влажните очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се смалуваше и несигурно стоеше на нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ха, ха, ха, - продолжуваше Претседателот. Беше тоа едно јадро човечиште, само за неколку прста понизок од Змејка, со широки раменици и со нешто несигурно сковано и на еден чуден начин колебливо во секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега виде. Меѓу двете најголеми карпи на таа шпела се подаде едно огромно темно и распавтано клопче и, чиниш наттрчувајќи се со него, прибрзано и слизгајќи се по снегот, како во некое ужасно шегување со него, застанат сосема несигурен на таа лизгава нерамнина, - заминуваше напреку, право кон неговото јарче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Плашливо и несигурно почнаа едноподруго да преминуваат кон нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во срцето пак почна да му се загнездува несигурност, очаеност. Помош од никаде!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во селото ретко слегува, замо по најважна работа, и бргу се враќа горе, зашто долу, меѓу куќите и луѓето, се чувствува малечок, ситен несигурен; навикнат сето ова да го гледа одозгора, во помали димензии, одовде му се гледа огромно, го плаши, чувствува дека го стопува во себе, му ја одзема онаа слобода што ја има горе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе